Заборавените геноциди врз македонскиот народ
-
Неодамна се одбележа годишнината на масакрот- геноцидот во Сребреница извршен врз муслиманското население во Босна од страна на православна Свето Горска Србија, предвдена од нивниот православ нацинал- социјалистички Вожд фашистот Слободан Милошевќ. Сребреница најдобро покажа дека Социјалистичка Југославија небеше заедница на рамноавни народи според основното етничко обележје јазикот, во која верското единство на пооделни заедници се сакаше да се замени со идеолошкото единство под превезот на братството и единството на народите кои живееја во Југославија- Србославија. По распадот на православ- социјалистичката идеологија со рушењето на Берлинскиот ѕид, омразата меѓу верските заедници која тлееше уште од времето на Втората Светска војна во Дежавата изби на површина. Сребреница беше само врв на таа омраза. По тој повод по иницијатива на муслиманскиот дел, во Македонското Собрание беше одржана комеморација за незаборав на сторениот геноцид, истиот да не се повтори. Но за жал ние денешните православни Македонци имаме кратко паметење и во име на православното верско единство сме го заборавиле многу поголемиот геноцид извршен од нашите православни денешни браќа по поразот на Бугарската војска заштитничка на шизмичкото христијанско Славјанско Егзархиско население во Втората Балканска војна на почетокот од 20 век, со кој геноцид фактички започнува модерниот холокаус врз верски основ кои трае до денешен ден- Газа.Нереагирањето на Светската јавност на холокаусот што се случил врз Славјанскиот народ во етничка Македонија, ќе доведе до крвава пресметка помеѓу Славјанскиот и Германскиот братски влгарско- варварски индо- европски народ за време на Првата и Втората Светска војна, што кулминира со погромот на Еврејскиот семитски народ врз верски основ. За пограмот на Славјанското население во Македонија припадници на Бугарската шизмичка- еретичка Бугарска Егзархиска Црква имаме сведоштво на извршените масакри во околината на Дојранското Езеро од цивилизираниот Римјанин Влаот Гркот Зорба во култниот филм Гркот Зорба со Ентони Квин. Неможејки да го издржи товарот во својата душа што го носел од сторените масакри, станува пијаница и ја отвара својата душа пред Англискиот патеписец. “Знаеш ли што сум правел за својата Држава ( за верскиот Центар на моќта ), косата да ти се крене на главата. Палев села, силував, убивав. А зошто! Затоа што беа Бугари- еретици и Турци- муслимани“. Меѓутоа за денешниот православен Македонски народ со избришана историска меморија, повеќе знае за холокаусот извршен врз Еврејскиот народ во Втората Светска војна и другите геноцди, отколку за геноцидот врз неговиот народ за врема на Балканските војни. Затоа Гркот Зорба станува познат Скопски боем.
Сведоци бевме како Македонскиот павославни “патриоти“ жестоко реагираа на Тиранската платформа, посебно на делот каде Албанците бараа заедно со Македонците да го осудиме погромот врз Бугарофилите денешните православни Македонци и врз Албанците и Торбешите за време на Балканските војни, за време на православ- националистичкото ропство меѓу двете Светски војни и во тоталитарниот православ социјализам се до смената на Србословенскиот Берија- Александар Ранковиќ. Можеби ние несакаме да го осудиме тој геноцид, затоа што тој е дел од заедничката Бугарско- Македонска историја. Како Гркот Зорба да убивал друг народ “Бугарски мрсници“, кои немаат ништо заедничко со нас “чистите Македонци од Битолската корија од жална Македонија“. Интересно е дека несамо денешниот православен Македонски народ, туку и денешниот Бугарски православен народ во името на православното единство со Грчко православниот верскиот Центар на моќта го забораваат геноцидот најтрагичниот дел од нашата заедничка историја кога е поделен Егзархискоит Славјански народ на Балканот, а инсистираат на заедничка Бугарско Македонска историја. Бугарската Егзархиска Црква даваше предност на Славјанското национално единство пред единството со Грчко православниот верски Центар на моќта па затоа беше прогласена за еретичка- шизмичка Црква од страна на целокуното Светско православие. Видете ја само упорноста на Ермрнскиот православен народ да се осуди геноцидот што го извршија муслиманите во Турција по Првата Светска војна. Бугарската шизмичка Егзархиска Црква станува дел од православното семејство на Големиот Брат- Грчко православниот верски Центар на моќта, кога наводниот атеист Грузискиот- Понтискиот Грчки Поп Другарот Сталин по Втората Светска војна го принудува со пиштол во чело Синодот на Бугарската еретичка Егзархиска Црква да ја повлечат шизмата фрлена на “повеќе еднаквата од еднаквите православни Цркви“ Вселенската Цариградска Патријашија. На истиот начин неканонски Бугарофилот Крсте Црвенковски ја одвои Македонската православна Црква од смртоносната преградка со Српската православна Црква. Затоа беше прогласена за шизмичка Црква од страна на целокупното Светско православие. Разликата помеѓу шизмичката Македонска и некогашната Бугарска Егзархиска Црква е во тоа, што ние не и фрлифме шизма на Големиот Брат- Вселенската Цариградска Патријашија, туку цело време коленичиме да не примат во тој клуб. Егзархистот Крсте Црвенковски не сакаше целото Православие туку само Бугарската Егзархиска Црква да ни биде Црква Мајка, како што сакаше и Зоран Заев од протестанското село Мртино. Меѓутоа Големиот Брат не и дозволи на Бугарската Егзархиска Црква да го прифати барањето, па затоа политичката кариера на Крсте Црвенковски и Зоран Заев заврши. Денешните наши архереи од петни жили се трудат нашата Црква да остане во Источното христијанство како дел од Српскиот православен свет. Геноцидот на припадниците на Бугарската шизмичка Егзархиска Црква во Дојран и геноцидот на муслиманите во Сребреница, не е резултат на поединци како во случајот со Дојран на Гркот Зорба и во Сребреница на Ратко Младиќ, туку на Грчко православниот верски Центар на моќта кој управува со нивните души. Исто така и геноцидот на Евреите во Втората Светска војна не е резултат на поединци Хитлер, или на Цар Борис како што сакаме ние да го преставиме погромот на Евреите во Македонија. Зад Хитлер стои Римо- католичкиот верски Центар на моќта кој го донесе на Власт во Германија, како што Грчко- православниот верски Центар на моќта го донесе Христијан Мицковски на Власт во Македонија. Затоа конзервативецот заштитникот на верата и традицијата, “патриотот“ новиот Грк Зорба Влаот Јани Бојаџи уредникот на “националната“ Алфа ТВ чие семејство е доселено во Дојранско од другата страна на Езерото по протерувањето на “еретиците“, сака на местото на злосторот да организира фестивал на Медитеранскиот филм како триумф на таа толку многу ценета Хеленско- Римска култура која ги предизвика сите катастрофи на човештвото во 20 век. Ние според кажувањето на Бојаџи припаѓаме на таа Медитеранска Хеленска култура затоа што 1000 год. сме биле во заедничката Римска Империја, но заборави да каже дека уште 500 год. сме биле под толку многу ценетата Хеленската култура во Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја. На фестивалот поканети се Србите кои иако денес не излегуваат на море се дел од таа Медитеранска култура, но несе поканети влгарите Бугарите- татарите дојдени од Волга и варварите- качаците денешните Албанци дојдени од Кавказ според нашите историчари. Целта на фестивалот и работењето на “националната“ Алфа ТВ е многу јасна. Таа не е во духот на нашиот Апостол Гоце Делчев “кој го разбирал Светот како поле за културен натпревар на народите“, туку да внесува омраза спрема Западниот и Источниот сосед се со цел Македонија никогаш да небиде дел од ЕУ- Западната декадентна Европска протестанска христијанска цивилизација. Да останеме заробени во Источното христијанство, како би можела православна Свето Горска Србија која стои зад финансирањето на оваа ТВ, да остане поврзана со најмоќната Држава во Светот Атос- Православниот Ватикан. Затоа наместо да организираме вакви фестивали, за да го сватиме денешниот наш Славјански нацинален идентитет засниван на исти историски личности како и Бугарскиот кои низ вековите се бореле против толку ценета Хеленска Медитеранска култура, токму на ридовите над Дојранското Езеро треба да изградиме Музеј на нашата заедничка борба. Тука на ридовите над Дојранското Езеро е Портата на христијанството- Паљурци според кажувањето на Папата Францис, од каде христијанството навлегува во Европа и станува Светска религија со рушењето на толку ценетата Хеленско- Римска Медитеранска култура. Токму тука каде христијанството станува Светска религија, на почетокот од 20 век со Балканските и Првата Светска војна кои ја детерминираат денешната гео- политичка карта на Светот, христијанството доживува најголема катарза. Како што сите Грчки ученици доаѓаат во Пела на гробот на Филип за да сватат дека Македонија е дел од Хеленската култура како што вели и новиот Грк Зорба Јани Бојаџи, така и сите Македонски ученици треба да доаѓаат во овој Музеј на местото на најжестокиот судир меѓу индо- европската варварска со Хеленската “цивилизирана“ култура, за да сватат дека индо- европските велгарски народи од територијата на Македонија се најзаслужни за денешната Европска христијанска цивилизација.Тука се наоѓа и “Македонската масада“ каде група млади Бугарски војници остануваат по повлекувањето на Бугарската војска во Втората Балканска војна и се саможртвуваат, за да му дадат време на месното население да се повлече заедно со Бугарскаа војска за да небиде масакрурано од Грчките Адрети- Гркот Влаот Зорба. Бугарската Влада долги години бараше да им подигне споменик на овие херои, но нашите историчари на тоа се спротиставуваа наводно затоа што биле припадници на Бугарска туѓа војска. Можеби требало да бидат припадници на фалангата на Александар Македонски. Затоа овие историчари ги забораваат и масакрите извршени врз месното население кое Гркот Зорва го нарекува Бугари. Во времето на Зоран Заев овој споменик е подигнат, но денес тој е заборавен и од Македонска и од Бугарска страна. Не случајно токму на ова брдо над Дојранското Езеро наспроти Беласица, бардот на Македонското глумиште Ристо Шишков кога беше остранет од “штиците кои живот значат“ од Србословенските кодоши кои денес го величат, доаѓал и со погледот свртен кон неговиот роден Кукуш плачел. Нешто слично на последната желба на еден од најголемите бардви на Македонската револуционерна борба Тодор Александров, кој сакал да биде закопан во Ќустендил со погледот свртен кон највисокиот Осоговски врв Руен каде се наоѓала неговата поробена земја и родниот град Штип. Овој Музеј ќе му помогне на денешниот простодушен православен Македонски народ да ја свати заедничката Бугарско- Македонска историја, како и да се помириме со останатите романизирани и хеленизирани варварски- влгарски стари индо- евроски народи кои живееле на Балканот, а во името на верското единство го изгубиле својот претходен јазичен национален идентитет и станале Албанци или Грчки и Македонски Влашки патриоти- Зорби. Тука во Дојран треба да се помириме и со нео- либералната Сент Андрејска Србија чија шизмичка Црква исто како и шизмичката Бугарска Егзархиска Црква даваше предност на Славјанското национално единство пред верското единство со Големиот Брат- Грчко православниот верски Центар на моќта, како и со нео- либералните про Западни Европски Сили од Бугарското општество. Нетреба да заборавиме дека токму во Дојран е роден првиот Бугарски и Српски преродбеник од 18 век Христофер Жефаровиќ. Тој бил свесен за етно генезата на Славјанските народи на Балканот и давал предност на Славјанското национално единство пред нивното верско единство. Затоа зборувал дека имал отечество Блгарскоје и Српскогаје, а бил љубител Царствоје Илирскогаје. На ова место каде за време на Првата Светска војна се судрија Виенската национална Бибљотека од каде пристигна преродбата на индо- европските народи на Балканот и Лондонската национална Бибљотека заљубеничка на Хеленската култура, треба да дојдат и Англичани за да сватат зошто на Дојранскиот фронт загинаа десетици илјади Британски војници, а ниту еден Грчки војник иако се работело за заштита на нивната територија. Исто само тука можат да дознаат зошто новато Западно Римско Царство како што се нарекуваше Британската Империја се здружи со Источното- православно Римско Царство како што се нарекуваше Царска Русија во Првата Светска војна за уништување на мулти етничката Австро- Унгарската Монархија прототипот на денешната ЕУ, а во Втората Светска и Студената идеолошка војна се здружи со нејзиниот наследник СССР само и само нивното милениче Балканскиот Израел да остане од другата Западната страна на “железната завеса“. Империите се појавуваат и исчезнуваат. Тоа што останува е верата и верските Центри на моќта кои управуваат со своите верници. Британската Империја таканареченото ново Западно Римско Царство, по Втората Светска војна се распадна. Останаа само Британските острови кои со излегувањето на Велика Британија од ЕУ, се на добар пат да се растурат на повеќе Држави иако целокупното население на Островите ги обединува основното национално обележје Англискиот јазик. Тоа што ги разделува е верата. Доналд Трамп кој во првиот мандат ја потикнуваше Велика Британија да излезе од ЕУ, денес во вториот мандат ја потикнува Римо- католичка Ирска да ја припои Северна Ирска која сеуште е во составот на Велика Британија. Тоа ќе го направи и Шкотска и Велс бидејки имаат различна Протестанска вера од Англија. Затоа Велика Британија ја усогласува политиката и сака повторно да биде дел од ЕУ и покрај противењето на Доналд Трамп. Истото тоа ќе се случи и со Православниот Рим ако Руската Федерација не стане дел од ЕУ, а Владимир Путин продолжи да ја спроведува политиката сите Руси да ги собере во една Држава- Империја како што ја водеше и Слободан Милошевиќ, диктирани од едно место Атос- Света Гора Православниот Ватикан. Велика Британија и да се раздружи, сигурно најголемиот денешен Англиски нео- либерален народ во Државата тоа нема да го направи на Балкански- Хеленски начин, како што направи најголемиот Српски народ при распадот на Југославија- Србославија. Кога толку големи Империи неможет да го спречат распадот на Државата кога народите- верските заедници во нив го сакаат тоа, како може Македонија ако не е дел од ЕУ и покрај нашето членство во НАТО, да го спречи мнозинското муслиманско население од Западна Македонија да се приклучи кон Албанското муслиманско население во Косово. Тогаш преостанатиот православен нејзин дел, ќе остане заробен во Српскиот птавославен свет. Можеби тоа е и цел на Грчкиот православен верски Центар на моќта. Затоа треба да се помириме меѓусебно. Меѓутоа наместо како што тоа го направија нео- либералните Сили на Франција и Германија по повод 100 годишнината од завршувањето на Првата Светска војна, ние тоа го направивме на Балкански- Хеленски начин. Тоа се случи по повод 100 годишнината од битката на Кајмакчалан, што беше една од најктвавите што Бугарската војска ги водеше со Српските сојузници на Солунскиот фронт. И наместо како два Славјански народи- Држави кои меѓусебно војувале да се помират и да се запрашаат зошто сите овие војни ги воделе за да излезат на Медитеранот- топлите мориња, а денес нивните граѓани можат да отидат на Медитеранот само како туристи, тие го направија тоа пооделно и внесоа само уште поголема меѓусебна омраза. Имено конзервативните сили на Србија заштитници на верата предводени од тогашниот Преседател Томислав Николиќ и конзервативните сили во Македонија предводени од тогашниот Преседател Ѓорѓе Иванов заедно со Црковни великодостојници им оддадоа почит на паднатите борци од оваа страна на планината. Притоа Српскиот Преседател изјави дека “Кајмакчалан е портата- границата на Србија“. Нашиот Преседател не реагираше. Како да сакаше да му се извини на Српскиот Преседател што моравме без наша желба да ја напуштиме Србославија. Од другата страна на границата преставници на конзервативните сили на Бугарија заштитници на верата со највисоки Црковни преставници заедно со конзервативните сили на Грција со нивни високи Црковните преставници одржаа панахида за паднатите војници од нивната страна на планината, иако Грција кога се одиграла оваа крвава битка сеуште небила вклучена во Првата Светска војна. Била неутална земја и гледала сеир, како ќе се развива војниот конфликт за да биде од победничката страна. Античките Евреи- Хелените низ историјата секогаш биле на победничката страна. Бугарија како да сакаше да им се извини на Грците што нејзината Црква во тие времиња беше еретичка Црква, па го заборава геноцидот што беше извршен на Славјанското население од страна на Гркот Зорба наводно “затоа што бевме Бугари“- еретици припадници на Бугарската шизмичка Егзархиска Црква. Оваа слика од минатото најдобро зборува зошто Бугарија е во ЕУ, а ние во нашата Европска интеграција сме таму каде што бевме и во времето Ѓорѓе Иванов. Како во Франција и Германија, така и во Балканските земји конзервативните сили заштитници на верата и идеологијата како за време на Балканските, Првата и Втората Светска и Студената војна, така и денес тајно или јавно секогаш соработуваат. Тие никогаш небеа скарани, така да нема потреба да се помируваат. Бугарското општество ако сака несамо физички туку и духовно да стане дел од ЕУ- Западната христианска цивилизација, како и да сфати зошто денес сме два посебни Славјански православни народи, треба да ги сруши сите споменици на Рускиот “Царот ослободител“ Александар2 и да го нарече со вистинското име “Цар разделител“, како што за време на Втората Светска војна “фашистот“ Ванчо Михајлов го нарекуваше Бугарскиот Цар Борис3. Царска Русија дојде на Балканот не да го заштити Славјанството, туку да не ослободи од нашата заедничка еретичка- шизмичка Бугарска Егзархиска вера и да го подели Славјанскиот народ, формирајки го Софискиот Пашалак пандант на Белградскиот Пашалак. На тој начин дотогашните братски Славјански народи, Бугарскиот и Српскиот чиј убиен Кнез Милош Обреновиќ сакаше заедно со Водачот на револуционерната борба на Бугарија Васил Левски да формираат единсвена Бугарско- Српска Славјанска Држава на целиот Европски дел од Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја, ги закрвави меѓусебно да војуваат за туѓи Грчки интереси. Цар Борис3 иако беше Сојузник на Хитлер неуспеа да издејствува формирање на посебна Македонска Држава на целата нејзина етничка територија вклучувајки го и Пиринскиот дел- “Швајцарија на Балканите“, за што се залагаше Синодт на Бугарската шизмичка Егзархиска Црква и нејзиното најсилно оружје ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов кои ја продолжија борбата на Гоцевото ВМОРО, како и најуспешниот Бугарски Премиер меѓу двете Светски војни Ресенскиот Влав Андреј Љапчев кој е најзаслужен што Бугарија по сите војни катастрофи стана една од најразвиените земји во Европа како дел од Западната, а не од Источната христијанска цивилизација. Тие се најзаслужни што по Првата Светска војна разоружана Бугарија небеше поделена помеѓу Грција и Србија како што бараше Грчката Влада, исто како што Српската Влада на Слободан Милошевиќ сакаше да ја подели Македонија со Грција при распадот на Југославија. Затоа “фашистот“ Ванчо Михајлов го нарекуваше “фашистот“ Борис3 “Цар разделител“. На истата линија “Македонија како посебен Државен ентитет во нејзините етнички граници“ со “фашистот“ Ванчо Михајлов и со најуспешниот Бугарски премиер меѓу девете Светски војни Ресенчанецот Андреј Љапчев, беше и вистинскиот комунист- левичар Ѓорги Димитров еден од најзначајните личности од нашата заедничка Бугарско- Македонска историја. Тој е човекот кој прв се спротистави на тоталитарниот национал- социјалистички режим на Адоф Хитлер, а беше убиен од Другарот Сталин Водачот на тоталитариот православ- социјалистички режим на СССР , со кого мислеше дека делат исти вредности. Разликата меѓу Ѓорги Димитров и претходните преставнци на Македонската револуционерна борба покрај идеологијата, беше само во формата. Имено Ѓорги Димитров називот на најмногубројниот етнос во Државата го поврза со името на Државата, но содржината на која се повикуваше тој национален идентитет остана иста од времето на Преродбата, која содржина беше вградена и во дотогашниот Бугарски национален идентитет. Ѓорги Димитров сметаше дека по победата на Светската Социјалистичка револуција, во идната Балканска Федерација ќе има место и за Македонската Држава во нејзините етнички граници. Ѓорги Димитров незнаеше како што незнае и денешниот православен Бугарски и Македонски народ, дека Другарот Сталин небеше заинтересиран за Светска социјалистичка револуција, туку за заштита на териториите кои миленичето на Гтчко- православниот верски Центар на моќта Хеленската Држава ги доби со Балканските и Првата Светска војна. За истото беше заинтересиран и “Рускиот Цар ослободител“ кога пристигна на Балканот, чиј наследник Рускиот Цар Александар3- Мечката е претходникот на Хитлер кој прв во новото време го започна прогонот на Евреите во Европа, како и новиот Хитлер и Сталин во едно Владимир Путин- “два во еден“. Затоа Владимир Путин сака да застене на чело во борбата против Западната протестанска декадентна цивилизација- демократија. По убиството на Ѓорги Димитров и Инфорбирото- Византиската игра со која Другарот Сталин наводно се скара со дотогашниот најверен негов слуга- солташак Другарот Тито, Бугарскиот и Македонскиот национален идентитет дефинитивно се разделија. Бугарија се до денешен ден тврди дека сме еден ист народ во две Држави, а ни испраќа преставници на нивните Тајни служби уште од времето на социјализмот до денес како што беше Влахов Мицов и најновиот Стојко Стојков кои го говорат спротивното. Затоа во Македонското православно општество тие добиваат високи акаденски титули, а нашите историчари постојано говорат дека Бугарите ни ги крадат симболите на Македонскиот национален идентитет.
Затоа ако сакаме да станеме дел од ЕУ- Западната христијанска Европска цивилизација- демократија несамо за нејзините пари туку и за нејзините идеолошки вредности како што се изјаснува поголемиот дел од населението во С. Македонија, тогаш сите леви и десни про- Западни сили треба цврсто да застанаме зад наследникот на “сељакот“ од протестанското село Муртино Венко Филипче и зад заедничката Бугарско- Македонската историја. Зоран Заев не се срамеше од своите селски корени и од заедничката Бугарско- Македонска историја, како што се срамат сељаците денешните градски фаци- мангупи од Скопје и Охрид : Бетмен, Бранко Црвенковски, Антонио Милошоски, Самоил Малчевски, Христијан Мицковски, Гордана Силјановска и многу други. Затоа постојано го цитираат Моне и имаат потреба да се поистоветуваат со Хеленската култура, а нивните претци кои “го бришеле газот со копрева“ знаат дека уште од времето на Александар Велики биле Македонци. Поради тоа не сакаат да ги внесат сељаците- татарите влгарите во нашиот Устав. Др. Венко Филипче потекнува од стара богата Влашка Охридска фамилија, како и Ресенскиот Влав Андреј Љапчев. Тој се стекнал со Европско образование како и Ресенскиот Влав Андреј Љапчев, за разлика од Христијан Мицковски кој се стекнал со образование кај неговиот татко. Др. Венко Филипче и Стружанецот Денко Малевски многу добро знаат за разлика од сељаците кои ги населиле градовите, каков национален идентитет имале луѓето во Охридското Варош мало и во другите градови во Македонија за разлика од денешните градски сељаци. Затоа во сите Македонски градови кога Бугарската војска пристигнала за време на Втората Светска војна, била пречекана со црвени теписи и цвеќиња. Др. Венко Филипче треба да биде новиот Македонски Андреј Љапчев, кој со неговата девиза “Со кроце, со благо, се стига далеку“ треба да ја однесе Македонија “далеку“ во ЕУ Западната Европска цивилизација- демократија. Со оваа девиза последниот Византиски Цар од фригиската- бригиската Династија Михајло3- Пијаницата преку своите генерали Кирил и Методи Славјанското христијанство го однеле далеку дури до Балтикот, а Српскиот кнез Михаило Обреновиќ Славјанското христијанство го вратил на местото од каде што тргнало Солун и Цариград. За жал Македонските и Бугарските православ- националисти заштитници на традицијата и верата, последниот дел од девизата “се стига далеку“ ја заменија “со малце ќотек“ и таа станува “Со кроце, со благо и со малце ќотек“. Затоа Бојко Борисов “коњушарот“ на Тодор Живков наместо да влезе во историјата како човек кој го внесе Западниот Балкан во ЕУ како што го најавуваше Доналд Тус кога Бугарија го преземаше Преседателството со ЕУ, заедно со Македонските православ- националисти “со малку повеќе ќетек- галама“ го “треснаа од земја“ Зоран Заев, човекот кој навистина сакаше да ги зближи народите од двете земји. Др. Венко Филипче нетреба на нож да ги дочекува провокациите од Бугарските православ националисти, како што тоа го прават Македонските православ националисти. Треба само саркастично да им се насмее како што го правеше тоа Љубомир Фрчковски и да им каже дека се однесуваат како ергенчиња кои се заљубени во “Македонското девојче“, но нивната мајка “мајка Русија“ не им дозволува тоа девојче да стане дел од нивното семејство, исто како што Македонските православ националисти се заљубеници во “мајка Србија“- во нејзината култура, па затоа неможеме да се ослободиме од Српскиот свет. Во Бугарија и покрај провокациите мислам дека сеуште има нео- либерални про Западни Европски сили, кои нема да дозволат Бугарија да не условува- блокира на нашиот пат кон ЕУ, по внесување на Бугарите во нашиот Устав. Нетреба да заборавиме дека Бугарија сите национални катастрофи во 20 век ги доживеала борејки се за целовитоста на Македонија, без разлика дали тоа ќе биде во рамките на Бугарската Држава или како посебен Државен ентитет. Можеби затоа се плашат да небидат казнети од “мајка Русија“, ако Македонија се обедини во рамките на ЕУ.
Здраво! Изгледа дека ве интересира овој разговор, но сè уште немате сметка.
Ви е здодеано да ги прелистувате истите објави при секоја посета? Кога ќе се регистрирате за сметка, секогаш ќе се враќате точно таму каде што сте застанале, и ќе можете да изберете да добивате известувања за нови одговори (преку е-пошта или пуш известување). Исто така ќе можете да зачувувате обележувачи и да гласате позитивно за објавите за да им покажете благодарност на другите членови на заедницата.
Со вашиот придонес, оваа објава може да биде уште подобра 💗
Регистрирај се Најава