Прескокни до содржината
  • Категории
  • Неодамнешни
  • Ознаки
  • Популарни
Изгледи
  • Светла
  • Brite
  • Cerulean
  • Cosmo
  • Flatly
  • Journal
  • Litera
  • Lumen
  • Lux
  • Materia
  • Minty
  • Morph
  • Pulse
  • Sandstone
  • Simplex
  • Sketchy
  • Spacelab
  • United
  • Yeti
  • Zephyr
  • Темна
  • Cyborg
  • Darkly
  • Quartz
  • Slate
  • Solar
  • Superhero
  • Vapor

  • Стандардно (Без изглед)
  • Без изглед
Собери
Лого на брендот

Вистината за Македонија

  1. Почетна
  2. Политика
  3. Заробеноста на Македонија во православниот Српски свет

Заробеноста на Македонија во православниот Српски свет

Закажано Закачено Заклучено Преместено Политика
2 Објави 1 Автори на објави 8 Прегледи
  • Од најстари до најнови
  • Од најнови до најстари
  • Најмногу гласови
Одговори
  • Одговори како тема
Најавете се за да одговорите
Оваа тема е избришана. Само корисници со привилегии за управување со теми можат да ја видат.
  • M
    M
    mihajlo_3_pijanicata
    напиша последно уредено од
    #1

    Кај нас се повеќе почна да се говори за Српскиот свет. Обвинувањата дека сме заробеници на тој Српски свет и дека тоа е главната причина за нашата самоблокада во Европските интеграциони процеси, почнаа да доаѓаат и од самата ЕУ. Но дали знаеме што е Српски свет и дали тој низ историјата секогаш бил негативна појава? Ако не како “папагали“ туку правилно знаеме да ја читаме историјата, ќе заклучиме дека токму тој Српски свет е најзаслужен за враќање на Славјанството на овие простори. Но тоа небила денешната про Источна православна Свето Горска Србија, туку некогашната про Западна Сент Андрејска Србија, наречена така според седиштето- Центарот на нејзината “еретичка“ Црква кој се наоѓал во градот Сент Андреј на север од Будимпешта во Австро- Унгарската Монархија прототипот на денешната ЕУ. Токму оттука пристигна Преродбата, тој долго очекуван преродбенички бран кои ги разбуди старите индо- европски Балкански народи во Османлиската Империја- Муслиманскиот Рим од православната и муслиманска летаргија во која беа западнати. Меѓутоа токму таа Сент Андрејска Србија е најголем “виновник“ за денешниот историски спор што го имаме со Бугарија. Имено Србите во Австро- Унгарската Монархија, како и првите Кнезови од новоформираната Српска Држава Милош и Михајло Обреновиќ небиле православ националисти како денешните христијани во Србија, Бугарија и Македонија и не се повикувале на историското наследство на средновековната Држава Рашка и Евангелието на Свети Сава. Тие се повикувале на еретичкото Славјанско христијанство на браќата Кирил и Методија. Затоа доминантното Славјанско население во денешна Бугарија, населението во Одрин вклучувајки го и Цариград, населението во денешна Југо- Источна Србија вклучувајки го и Ниш, како и населението од етничка Македонија во која влегувало и Косово заедно со Солун, го нарекле Славјански Бугари повикувајки се на Првото Бугарско Царство кое ширејки го еретичкото Славјанско христијанство на браќата Кирил и Методија е најзаслужно за постоењето на денешната Славјанска јазична група на индо- европските народи во Европа. Тие се носеле од идејата за формирање на голема Славјанска Бугарско- Српска Држава на целокупниот Европски дел од Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја, па затоа го помагале преродбеничкото и првото револуционерно движење на Славјаните од овие простори предводени од Васил Левски. Меѓутоа по убиствот на Михајло Обреновиќ и влезот на некогашната независна еретичка Сент Андрејска Црква во Православното семејство, Србија станува обичен Свето Горски- Хеленски привезок и е најзаслужна што нејзината рожба е поделена во интерес на Балканскиот Израел- Хеленската Држава.
    Каква била таа Сент Андрејска Европска Србија, најдобро ни ја престави Ѓорѓе Балашевиќ кој целиот свој живот преку музиката се бореше против Свето Горска Србија, против тој православен Српски националистички свет. По завршувањето на Втората Светска војна кога се сакаше да се создаде нова Советска Југословенска- Србословенска нација на темелите на претходно разрушената Југословенска Држава, тешко било да бидеш не само Македонски Бугар и Албанец туку и Маџар. Нетреба да заборавиме дека Социјалистичка Југославија своето постоење го започна со геноцид протерувајки 500.000 Германци од нивните родни огништа, кои освен припадноста кон една нација немаа ништо заедничко со геноцидот што го изврши Адолф Хитлер врз Евреите и другите народи во Европа. Нивната единствена вина беше што заедно со Маџарите и со Словенските народи во соживот живееа во една мулти етничка Држава, која по завршувањето на Првата Светска војна не постоеше. Затоа таткому на Ѓорѓе Балашевиќ од Балаш станува Балашевиќ и на синот му го дава најсрпското име Ѓорѓе, но нему го дава православ- социјалистичкиот, туку му го пренесува Австро- Унгарскиот нео либералниот Европски дух на заедништво и соживот. Сите националисти од овие простори се обидуваа да го присвојат, но тој никогаш не се изјаснуваше никако Србин, никако Хрват, никако Маџар, ниту Југословен. Секогаш на ваквите прашања одговараше дека е тукашен. Затоа го мразеа несамо Српските православ- националисти, туку го мразеа и Римо- католички Хрватски и Босанско муслимански националисти иако животот му висеше на конец во Милошевиќева Србија, додека пееше за мир кога неговите приврзаници меѓу кои и Александар Вучиќ беа на “сафари“- лов на муслимани во опколеното Сараево. Сите овие нации во Австро- Унгарската Монархија прототипот на денешната ЕУ, живееа во мир и соживот. Тоа што ги поврзуваше беше јазикот, “само едно верно ни словенство, мила наша родина“ како што пееја Охридските трубадури- чалгаџии од времето на преродбата. Тоа што ги разделуваше овие народи во Кралството Југославија и Социјалистичка Југославија, беше верското единство и поврзаноста со нивните верски Центри на моќта. Иако сите Држави во Европа се преставуваат дека се секуларни Држави во кои нивните Цркви повикуваат на мир и соживот, мислам дека верските Центри на моќта се главни виновници за сите зла на човештвото. Римо- католикот Германскиот националист Адол Хитлер дезертирал од мулти етничката војска на Австро- Унгарија која го бранела нејзиниот нео- либерален сожвот, а се пријавил во Баварија како доброволец во еднонационалната војска на Германија која се борела од страната на Австро- Унгарија. Очигледно тој незнаел зошто се водела Првата Светска војна и кои верски Центри на моќта стојат зад нејзиното избувнување. Таа се водела со цел да се уништи мултиетничкиот концепт на Држави и за создавање на еднонационални верски Држави. За нејзиното избувнување стојат верските Центри на мќта, кои стојат и зад неговото доаѓање на Власт во Геманија. Неговиот обид акцијата да ги обедини Германците во една Држава што беа разделени со поделбата на Австро- Унгарсјата Мнархија, заврши со реакцијата протерувањето- геноцидот на Германската нација несамо од Југославија, туку од сите земји каде се воспостави Сталиновиот тоталитарен православ- социјализам, кој не се разликваше многу од неговиот тоталитарен национал- социјализам. Сега повторно Германците беа во една Држава, но нејзиниот “животен простор“ се стесни. Истото се случи со Србите во Југославија- Србославија, по акцијата обидот на православ- социјалистот Слободан Милошевиќ да ги задржи Србите во една Држава која се распаѓаше поради неговата православ- националистичка политика. Мислам дека тоа истото ќе се случи и со Русите во Украина, по акцијата на правславниот национал социјалист- фашист Владимир Путин. Простодушниот православен Македонски народ трба да знае дека фашистичката парола “ Сите Срби, Германци, Италијани- Римјани, Руси ... во една Држава не е родена ниту во Германија, ниту во Италија, ниту во Србија, туку во Македонија- Поречието каде Свето Грска Србија го формира четничкото движење и тоа не за да ги штити националните Српски Славјански интереси, туку во името на верското единство со Грчко- православниот верски Центар на моќта ги штитеше интересите на Балканскиот Израел- Хеленската Држава. Иконографијата и паролата “Уједињење или смрт“ на предизвикувачот на Првата Светска војна четничката организација “Црна рака“ на Димитар Димитриевиќ- Апас прифатена од оснивачот на фашистичкото движење во Италија Бенито Мусолини, исфрлена е за да се спротистави на паролата од Бугарската и Македонската револуционерна борба “Слобода или смрт“. На нашите претци кои биле припадници на Бугарскиот “еретички“ Егзархиски Црковно образовен систем, не им било важно дали ќе живеат во една или повеќе Држави. Важно им било само да го задржат својот Славјански национален идентитет создаден од времето на Преродбата, која пристигнала од Виенската и Будимпештанската национална бибљотека- школа. Затоа што давале предност на Славјанското национално единство пред верското единство со Православниот Ватикан Света Гора наречено фелитизам, “повеќе еднаквата од еднаквите православни Цркви“ Вселенската Цариградска Патријашија и фрлила шизма, како што претоа го направила и со Српската Сент Андрејска Црква. Но Бугарската Егзархиска Црква не била покорна Црква како денешните православни Цркви. И таа ја прогласила Всекенската Цариградска Патријашија за шизмичка Црква, со што фактички започнува верската војна во Источното христијанство. Нашите претци ја знаеле опасноста за опстанокот на тогашниот наш национален идентитет од ваквото верско единство. Затоа по Балканските верски војни пред избувнувањето на Првата Светска војна, Егзархиските интелектуалци од деловите на етничка Македонија кои припаднаа на Монархо- фашистичка православна Србија и Грција барале нивната Црква да биде Унијанска Црква, односно наместо со Грчкиот- Православен Ватикан- Света Гора да имаат верско единство со Римо- католичкиот Ватикан. Опасноста за нашиот национален идентитет од ваквиот Свето Горски Српски православен свет ја знаеле и некои наши интелектуалци при распадот на Југославија. Затоа и тие според кажувањето на новинарот Чомовски барале нашата Црква да биде Унијанска Црква. Ако се реализираше оваа идеја мислам дека денес ќе бевме дел од ЕУ- Западната Европска цивилизација, а не заробеници на Источното христијанство- на Српскиот православен свет.
    А каков е тој Свето Горски Српски православен свет најдобро можевме да видиме од неодамнешната комеморација во Мркониќ Град по повод убиството на 2.000-те Срби од Краина и Босна и Херцеговина во Хрватската офанзива “Олуја“, при која беа протерани 250.000 Срби од Хрватска. На комеморацијата во Македонското Собрание по повод геноцидот на муслиманското население во Сребреница од страна на Свето Горските православ националистичките сили на Србија предводени од Ратко Младиќ, не присуствуваше ниту еден преставник на Извршната власт. Меѓутоа на комеморацијата на загинатите Срби во Мркоњиќ Град присуствуваше вториот човек во Македонската Влада Иван Стоиљковиќ. Сите народи плачат на своите гробови, со исклучок на Македонскиот народ. Незнам што православните Српски националисти- Свето Горскиот Српски свет очекувал ? Можеби послем се што православните Српски националисти направија во Сребреница, Сараево, Вуковар и во други делови во Босна и Херцеговина и Хрватска, очекувале да протераните 250. 000 Срби од Лика и другите делови од Хрватска и Босна и Херцеговина ги испратат со цвеќиња. Иако сите тие се големи “верници“, не им е познат основниот Божји- Природен Закон за акцијата и реакцијата, односно дека послем секоја акција следи реакција. Од говорите на митингот во Мркоњиќ Град очигледно е дека само Србија и Русија не ја научија лекцијата од сите овие Светски катастрофи и сакаат да останат на браникот на одбрана на Источното христијанство против Западната “декадентна“ христијанска Европска цивилизација- ЕУ. Од говорот што го одржа Александар Вучиќ можевме да видиме дека Србија нема ништо променето од Милошевиќевата Србија. Променети се само методите кон остварувањето на основната цел. А целта е Србија наместо преку Брисел да биде обединета, таа сака верски да биде обединета преку Македонија- Вардарската долина со Грчко- православниот верски Центар на моќта Атос- Света Гора. Наместо со војни методи, Вучиќ преку суптилни културни- музички и Црковни методи се обидува повторно да го обедини некогашниот православен Југословенски простори. Се разбира во таа негова културно- музичка експанзионистичка политика не му се придружи Ѓорѓе Балашевиќ. Не случајно студентските немири со кои се бараше смена на режимот на Александар Вучиќ започнаа од Војводина, каде мислам дека сеуште живее тој Сент Андрејски Европски нео- либерален Српски дух. Со истата тактика настапува и неговиот пулен- солташакот Христијан Мицковски. Тој наместо да организира музички каравани во соседна Бугарија за да ги зближи двата народи разделени со Балканските војни и да го отвори нашиот пат кон ЕУ како во времето на нео либералот Крсте Црвенковски- свиждање, Христијан Мицковски организира моноетнички музички каравани исклучувајки ги Албанците за јакнење на нашиот лажен патриотизам, односно да не ја виткаме кичмата пред уцената од ЕУ. Како што Александар Вучиќ никогаш “де јуре“ нема да го признае Косово како Држава иако “дефакто“ тоа е и по цена Србија никогаш да небиде дел од ЕУ, така и неговиот двојник Христијан Мицковски никогаш нема да ги внесе Бугарите во нашиот Устав и по цена никогаш да не бидеме дел од ЕУ. Александар Вучиќ на митингот во Мркониќ Град ја нападна Црна Гора која го напуштила Српскиот свет и се очекува наскоро да биде дел од ЕУ, затоа што и забила нож во грбот со влезот во НАТО кое ја бомбадирало Србиа, го признала Косово и го осудила геноцидот во Сребреница, иако во Црна Гора според пописот процентуално има повеќе Срби отколку во Босна и Херцеговина. Тоа го има направено и Македонија, но Александар Вучиќ не ја обвинува Македонија дека и забила нож во грбот на Србија затоа што тоа го има направено Партијата СДСМ, а не Партијата ДПМН која од самото формирање до денес е контролирана од Белград. Ваквото не осудување ме потсетува на не осудувањето на Царска Бугарија од страна на Кралството Југославиа, кога најискусниот терорист на Ванчо Михајлов Владо Черноземски го убил нивниот Крал Александар Караѓорѓевиќ. Бугариа небеше осудена од страна на Србија затоа што пред овој атентат десните конзервативни православни сили во Бугарското општество финансирани од Белград заедно со левите православ социјалистички сили финансирани од Москва предводени од тајниот агент на тогашното аташе на Југословенската амбасада во Софија Дража Михајловиќ, со Пуч изведен на 19- 05- 1934 год. успеале да ја донесат про- Српската Влада на Кимон Георгев на Власт во Бугарија. Таа ја забранила на нејзината територија про- Западната терористичка организација ВМРО- автономистичка која ја продолжила борбата на Гоцевата ВМОРО за самостоја Македонска Држава на целата нејзина етничка територија надвор од Бугарската Држава, а нејзиниот Водач Ванчо Михајлов го осудува на смрт. Затоа Кралството Југославија за убиството на нејзиниот Кралот неможела да ја обвини својата Влада во Бугарија, туку ја обвинила Унгарија каде Владо Черноземски ги подготвувал Хрватските Усташи за атентатот. Бугарија тогаш прогласила неколкудневна жалост за човекот кој вршел етничко чистење на населението со Бугарска Егзархиска национална свест. Замислете денес некој да го убие фашистот Метенјаху, а Арапите да прогласат неколкудневна жалост. Тоа истото се случуваше и денес во Македонија при рушењето на про- Западната нео либерална Влада на Зоран Заев. Пандан на некогашните про- Источни православни конзервативни десни сили во Бугарското општество финансирани од Белград е Партијата ДПМН, а пандан на некогашните леви православ- социјалистички сили во Бугарското општество финансирани од Москва е Партијата Левица. Сите го видовме пред малите екрани шефот на Српската Тајна служба уште од времето на Слободан Милошевиќ Живановиќ поставен за аташе на Српската амбасада во Скопје, како го кординира во содејство со Македонските Тајни служби неуспешниот Пуч во Собранието на Македонија на 27- 03- 2018г. за спречување на Владата на Зоран Заев да ја преземе Власта. Истото тоа се обидоа да го направат и со аферата “Поткуп“ која нашето “независно“ Судство ја преквалификува во “Рекет“, при што беше укинато Специјалното Јавно Обвинителство најголемата надеж на слободоумните луѓе во земјата за поправедно општество. Истите тие сили финансирани од Белград и Москва ги организираа протестите по потпишувањето на Преспанскиот Договор за промена на името ФИРОМ со кој промена станавме членка на НАТО, како и протестите по прифаќањето на Францускиот предлог со кој конечно требаше да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ по внесување на Бугарите во нашиот Устав. И конечно успеаја да ја донесат Србословенската Влада на Христијан Мицковскина Власт, со промена на Кривичниот закон, “Тукидовата Замка“ поставена од некогашниот советник на Вучиќ денешен бегалец Никола Груевски и некогашниот соработник на Југословенските Тајни служби денес борец за правата на Албанците во Македонија Али Ахмети, во која СДСМ падна за да ги одоброволи пратениците на ДПМН со ослободување од кривично гонење да гласа за промена на Уставот. Затоа Александар Вучиќ не ја обвинува Македонија дека и “забила нож во грбот“ на Србија, како што ја обвинува Црна Гора. На митингот Александар Вучиќ му се заблагодари на Иринеј Бачки што спречил секоја Држава да формира своја полицентрична православна Црква, спомнувајки ја Црна Гора и Хрватска но не и Македонија. Притоа изјави дека Српската православна Црква е единствена Црква и онаа во Белград, како и онаа во Бањалука, во Подгорица, во Скопје и во Сиднеј. Сите знаеме како Српската православна Црква ја призна Македонската православна Црква по одбивањето на нашето барање во времето на Зоран Заев Бугарската Егзархиска Црква да ни биде Црква Мајка. Но Бугарската Егзархиска Црква не е веќе еретичка независна Црква туку зависна “вистинска“ православна Црква, па затоа го одби нашето барање. Тогаш се обративме до Вселенската Цариградска Патријашија- “повеќе еднаквата од еднаквите православни Цркви“. Кога таа беше спремна да не признае, тогаш Српската православна Црква “како прле пред магаре“ прва го стори тоа. Така да денес сме само полу православци признати само од Црквите под контрола на Руската православна Црква, која по сите национални катастрофи што ги доживеа Рускиот народ во 20 век служејки му на Големиот брат- Грчко православниот верски Центар на моќта сака да го преземе водството во Источното христијанство. Притоа според дадениот Томос имотот на Црквата не се пренесува на нашата, туку се дава на времено користење до наредното повторно спојување во единствена Црква како што вели Вучиќ. Нешто слично на вториот дел од референдумското прашање за независност, кое “стариот лсец“ Киро Глигоров според кажувањата на Петар Гошев го напишал не во консултација со Македонските Партии, туку со советниците по Уставно право на Слободан Милошевиќ и Алија Изедбеговиќ. За разлика од реакциите што ги имаме на акциите- провокациит од страна на некој безначаен Бугарски православ- националистички политичар, на ваквата изјава дадена од страна на првиот човек Вождот на Србија нашиот морон Христијан Мицковски само одговори дека за него Македонската православна Црква наследничка на Јустинијана прима е основа на неговиот национален идентитет. Со ваквата изјава неспомнувајки го Македонскиот јазикот кој наводно го брани од Бугарите дека е основа на неговиот национален идентитет, тој ги отргнува Торбешите од нашето национално ткиво со што само потврдува дека е дел од тој Свето Горски Српски свет. Затоа неговите градоначалници како градоначалникот на Штип одат во Светс Гора на поклонение, а уредникот на Македонската ТВ со телевизиски камери ни ја донесе од Света Гора копијата на Иконата Богородица брзоускужничка. Можеби сакаат да им ја исполни желбата, што побрзо да се реализира вториот дел од референдумското прашање. Знаат ли нашите Црковни Власти дека повикувањето дека сме наследници на Иконофилската Црква на Јустинијан наместо на Иконоборната Охридска Климентова Црква од времето на Првото Бугарско Царство, е исто како Германскиот народ да се повикува дека е наследник на Евангелската нацистичка Црква која ја формирал Адолф Хитлер за време на Втората Светска војна. Селанчето од Таор Јустинијан, е првиот Хитлер. Според неговата Иконофилска Црква каде проповедите се одвивале на старо грчки и латински јазик, можело слободно без да направиш Божји и човечки грев да ги убиваш Евреите предавниците на Исус Христос.
    На митингот во Мркониќ Град настапи и јавниот подржувач на политиката на Александар Вучиќ Преседателот на Република Српска Милорад Додиќ солташакот на Владимир Путин, за разлика од нашиот Хтистијан Мицковски кој е негов таен подржувач па затоа тука беше заменикот на Владата Иван Стоиљковиќ. За Додиќ како и за Вучиќ, а можеби и за Мицковски Сребреница е Дизниленд измислен од Западната декадентна христијанска цивилизација. Тој уште пожестоко ги обвини Западните сили, како и Хрватите и Босанците за масакарот на Србите во околината на Мркоњиќ Град. За него Босанците се вештачка нација која во 90- те год . како Турци влегла во Сараевскиот хотел “Холидеј Ин“ каде е потпишан Дејтонскиот Договор со кој е формирана Босанско Херцеговската Федерација- Држава, а излегле како Босанци. Муслиманите барем влегле учествувале во создавањето на Босанската нација. Македонците не влегле во Јајце не учествувале на Второто заседание на АВНОЈ каде е формирана Југословенската Федерација- Држава и создадена Македонската и Црногорската нација. И видете го денешниот апсурд. Ние ја внесовме Босанската нација во нашиот Устав иако кога Босанците пристигнале на нашата територија таа непостоеше, а несакаме да ги внесеме наследниците на тукашните- староседелците кои несакаа како поголемиот дел од Славјанското население кога е создадена Македонската нација да ја прифатат само содржината на тој национален идентитет создаден за време на преродбата, туку сакаа да ја задржат и формата- називот на тој национален идентитет Бугар односно несакале да го поистоветат својот национален идентитет со името на Државата за која се бореле нашите претци. За Србите создавањето на православ- социјалистичката Македонска и Црногорска нација со единствена Српска православна Црква, непреставувало никаков проблем. За нив во Србославија како што ја сваќаа Југославија, да кажеш дека си Македонец или Црногорец беше исто како денес во Македонија некој да каже дека е Галичанец или Поречанец. Од кажаното очигледно е дека Југославија небеше заедница на братски народи како што не учеа, туку беше здружение на верски заедници. За жал тоа е и Македонија по создавањето на сопствената Држава. Тоа најдобро го видовме за време на воениот конфликт 2001 год., кога Македонски православци палеа дуќани несамо на Албанци туку и на Торбеши. Што мислите на кого најмногу му одговараше ваквото решавање на националното прашање во Државата. Дали на народите кои живееја во Југославија и Македонија, или на нашиот јужен сосед. Милорад Додиќ се навредува кога Босанците го нарекуваат Србијанац. Јас би го нарекол со вистинското име Србендер, што преведено би значело глупендер. Знае ли тој дека сите нации не само Босанската, Македонската, Црногорската се вештачки нации и секој народ си има свој Кум, односно го прифатил името како други го нарекувале. Само Македонскиот народ има два Кума. Еден за Државата територијата каде живеел, а друг за називот на Славјанскиот народ кои живеел на таа територија. Знае ли тој дека неговото име, името на неговиот народ има негативна конотација од латинскиот воедно и Германскиот збор серб што значи слуга. Така Германците го викале народот кои не го прифатил ниту Грчко- православното ниту Римо- католичкото христијанство туку го задржале еретичкото Славјанско христијанство на браќата Кирил и Методија, што преведено би значело дека биле надвор од сите вери- “слуги на ѓаволот“. Негативна конотација има и нашето претходно име влгар, име што го употребувале Хелените за да ја искажат својата супериорност спрема нас сељаците- простаците. Преродбата е всушност тоа да не се срамиме од своето потекло, да го прифатиме името како други не нарекувале и покрај негативната конотација. Меѓутоа кога станавме православци ние се срамевме од нашите сељачки- влгарски корени, па така го земавме името на територијата и станавме деца на Александар Македонски кои немаат ништо заедничко со Бугарите, а Србите станаа “небесен народ“.
    Дека ние сме заробеници на Српскиот свет најдобро можеме да видиме од премолчувањето на геноцидот што Кралството Србија го правеше по победата во Балканските војни и меѓу двете Светски војни. За време на Социјализмот тоа беше разбирливо живеевме во една Држава. Но зошто нашите професори доктори по историските науки на кои ако им се направи ПИСА тест ќе покажат полоши резултати од нивните ученици, по осамостојувањето незборуваа за тоа што се случувало по задушувањето на Тиквешкото и Охридското востание, кога Бугарската војска неможеше да го заштити Славјанското Егзархиско население исто како што неможеше да го заштити ни и за време на Илинденското востание. Последиците за Македонскиот народ од неуспехот на овиа востанија се многу поголеми од неуспехот на Илинденското востание, а масакрите извршени врз невиното месно население многу поголеми од оние во Босна. Во овие масакри учествувале и тукашните, четниците од Азот и Поречието предводени од “небесниот Генерал“ Јован Бабунски Македонскиот Ратко Младиќ. Бугарите не им останале должни кога се вратиле на овие простори за време на Првата Светска војна, водејки се од старозаветниот Божји Канон “око за око, заб за заб“. Новокомпонираните православни Срби од териториите кои им припаднаа по Руско- Турската војна 1878 год.- Југо Источна Србија, креваат востание познато како Тимотско востание. На востаниците им се приклучиле само новокомпонираните православни Срби од Азот и Поречието но не и од Косово. Одговорот на Бугарите бил жесток. Притоа според некои податоци биле убиени 20.000 луѓе, многу повеќе од жртвите кога Бугарите повторно се вратија на овие простори за време на Втората Светска војна. Во задушувањето на востанието и масакрите неучествувала Бугарската регуларна војска која била на Солунскиот и Источниот фронт, туку паравојската- Вмаровските чети на Тодор Александров и Генералот Александар Протоѓеров, како и тукашните кои не го прифатиле новиот Српски православен Црковно- образовен систем. Интересно е дека и Српската историографија непишува за овие масакри, за разлика од масакрите извршени од страна на Римо- католичките националисти Хрватските Усташи и муслиманските џихадисти за време на Втората Светска војна. Тоа е затоа што наследниците на тие што ги извршиле масакрите денес се православни Срби и Македонци, односно припаѓаат на Српскиот православен свет. Би го запрашал Србендерот Милорад Додиќ и неговиот другар Иван Стоиљковиќ, зошто Србите од Босна и Лика некренале востание за време на Првата Светска војна за да им помогнат на своите браќа од другата страна на Дрина и зошто Србите од Косово кое беше под Бугарска управа не им се приклучија на востаниците? Одговорот е многу едноставен. Србите во склопот на Австро- Унгарската Монархија беа Сент Андрејски Срби, а не Светогорски новокомпонирани Срби па затоа масовно земаа учество во мултиетничката Австро- Унгарска војска од која дезертирал Адолф Хитлер, за одбрана на мултиетничката Држава во која сите народи имаа културна- јазична образовна и Црковна автономија, а Првата Светска Војна спречи народите да добијат и политичка автономија каква што ја имаше Унгарскиот народ. Косовските Срби неземаа учество во востанието, затоа што и не постоеја. Овие територии само пред неколку години 1913 г. по Балканските војни станаа составен дел од Кралството Србија, така да немаа доволно време да го уништат Бугарскиот Егзархиски Црковно образовен систем и да го воспостават својот Црковно- образовен систем. Нашите историчари ништо не прозбореа ни за најцрното ропство во нашата историја Српското меѓу двете Светски војни, нивната колонистичка политика и борбата против таа политика на тукашните која многу потсетива на денешните случувања, борбата на Палестинците во Газа. Каква била таа политика, најдобро е прикажана во најтажниот некогаш испеан валцер “И ние сме деца на мајката земја“ односно “На леј крчмарици на леј“. Имено тоа што го прават денес Евреите во Израел населувајки колонисти на Палестинската земја, тоа истото го правеле античките Евреи- Хелените и нивните солташаци Србија на Македонската земја. Така се менуваше етничкиот состав на населението во деловите од етничка Македонија кои по Балканските и Првата Светска војна и припаднаа на Монархофашистичка Грција и Србија. Очигледно Србите неуспеаја докрај да го спроведат тој процес во нивниот Вардарски дел- Газа, за разлика од нивните учители. Во тоа ги спречи борбата на Хамаз во овој дел од Палестина- Македонија, односно терористичката организација ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов кои ја продолжија борбата на Гоце Делчев- Јасеф Арафат за автономна или независна Македонска Држава на целата нејзина етничка територија. На почетокот на јануари 1923 г. Тодор Александров испратил писмо ултиматум до Српските колонисти дека ќе бидат воена цел, ако несе иселат до одреден рок. На 16 и 17 јануари 1923 год. неговите четници го напаѓаат колонистичкото село Кардифаково во Овчеполието и убиваат 40- на Српски колонисти. Одговорот на Српскиот фашистички режим бил жесток. За секои убиен колонист убиваат повеќе од 50- на тукашни кои немале ништо заедничко со терористичката организација ВМРО- Хамаз. До каде можела да оди одмаздата- ѕверот во човекот, може да се види од автентичната документирана книга “Војната се враќа“ издадена 1931г. од извесен Француски патеписец Анри Пози, кој ги опишува ѕверствата на Српскиот полициски инспекторат од Велес врз 14 мажи и 2 жени наводно комитаџии на ВМРО од Катзибегово по акцијата на Хамаз. Такви измачувања и сурови убиства, човековиот мозок неможел да ги замисли. Овој настан кој ја згрозил Западната демократска јавност, а од заборав ја зачувал Францускиот новинар и патеписец Анри Пози, опеана е во тажниот Македонски валцер “Налеј, налеј, налеј“ кој го пееле меѓу двете Светски војни разочараните Вмаровски борци по Софиските меани. Текстот на песната е напишан врз музиката на Бугарски шлагер меѓу двете Светски војни “Патувала девојка“- види на Ју-туп. Меѓутоа советникот на Александар Вучиќ Никола Груевски сакаше овој тажан Македонски валцер да го поврзе со Солунските атентатори, кои оваа песна пред саможртвувањето наводно ја пееле во Париските кафани за што потроши големи народни пари. Тоа значи дека “нокти ни ваделе, коски ни кршеле и живи во фурна не фрлале“ не денешните наши православни Српски браќа, туку клетиот Турчин- муслиманите. За разлика од денес таканаречените Бугарофили во Социјалистичка Југославија, многу добро знаеле за кого се однесува оваа песна. Затоа додека сите други ги пееја неговите песни, Јонче Христовски го пееше токму овој тажен Македонски валцер. Послем овој трагичен настан, за да нема невини жртви наследникот на Тодор Александров “фашистот“ Ванчо Михајлов ја менува тактиката. Целта на неговите терористички напади се само високи функционери на Српската асимилаторска политика, така да одмаздата на Српскиот фашистички режим била насочена кон фамилиите на терористите. Нешто слично на одмаздата на Удбашот Палчо кој од ллевичар стана десничар. Ако денес запрашате некој од селото Катзибегово- Амзибегово или од некое соседно Овчеполско село дали знаат нешто за овој настан, ќе добиете негативен одговор. Можеби знае само некој наследник на овие жртви. Исто така малку Ваташани знаат за ѕверствата- масакрите на Српската војска и четниците од Азот и Поречието по задушувањето на Тиквешкото востание. Но несамо Ваташани туку и целокупниот Македонски народ знае за ѕверствата на Бугарскиот фашистички окупатор, кои за време на Втората Светска војна стрелал 12 млади момчиња лево ориентирани Скоевци. Ако некој заборавил, тука е Игор Џамбазов да го потсети. Настанот во Ваташа е идентичен со оној во Љуботен за време на воениот конфликт во Македонија 2001 г. Партизаните кои по насилен пат сакале да се докопат до Власта изведуваат акција во близината на Ваташа, исто како партизаните на Али Ахмети кој насилно сакаше да се докопа до Власта изведуваат акција во близината на Љуботен. Бугарската Власт испраќа војска- специјална единица против партизаните- комунистите, исто како што Македонските власти испраќа војска- специјална единица против “борците за човековите права“ на Али Ахмети. Акцијата е безуспешна затоа што и едните и другите партизани си отишле од местото на злосторот. Тогаш некои од мештаните на Ваташа ги поткажува младите Скоевци кои мислеле дека креваат Светска револуција за поправеден Свет во кој ќе има место и за Македонската Држава на целата нејзина етничка територија, дека ги помагале партизаните-комунистите, исто како што некои ги поткажал младите од Љуботен кои мислеле дека се борат за голема Албанија дека ги помагале терористите на Али Ахмети. Тогаш тукашниот конзервативец заштитникот на верата од комунистичката идеологија на своја рака ги убива младите Ваташки Скоевци, исто како што тукашниот конзервативец заштитникот на православната вера на своја рака ги убива младите муслимани од Љуботен. Дотука двата настани се одвивале идентично. Разликата настанува кога Комунистите и бившиот Енвер Хоџист Али Ахмети се докопуваат до Власта. Кога тогашните Комунисти во Македонија се докопаа до Власта, Бугарија во името на православ- социјалистичкиот интернационализам ни го вратија тукашниот Кривопаланчанец Љубен Апостолов и другите виновници за злосторот во Ваташа. Тие беа осудени на смрт и целокупната тогашна Македонска јавност ги обвинуваше за стореното дело. За разлика од тогаш, денес кога Јохан Трчуловски и Љубен Бошковски се вратија од Хаг по отслужената казна за стореното дело, тие за Македонските православ националисти бранители на верата преставуваа вистински национални херои и беа пречекани со црвен тепих и цвеќе од страна на ДПМН, иако ја делеа Власта со ДУИ Партијата на Али Ахмети за кои исто така поединци од нивните редови кои извршиле злосторства врз невини цивили во верскиот судир обоен со национални бои беа херои. И Српските православ националисти го пречекаа својот “небесен Генерал“ Ратко Младиќ како херој. Но тој не се врати од Хаг гордо како нашиот херој Трчуловски, туку пристигна хоризонтално во ковчег и со најголеми почести беше испратен меѓу другите “Небесни Генерали“ кои извршиле многу поголеми масакри од него во Македонија и Косово. Очигледно лекцијата од крвавото растурање на Југославија несме ја научиле. Се запрашал ли овој простодушен Македонски народ, зошто Албанците од Косово поради асимилаторската експанзионистичка политика на Српскиот режим во минатото толку многу ги мразат Србите, а ние Македонците најмногу ги сакаме и покрај можеби уште посуровата иста политика што ја спроведувале на нашата територија? Одговорот е едноставен. Поголем дел од населението на Косово е муслиманско, а ние во името на православното верско единство- фелитизмот спремни сме да ги заборавиме сите злосторства што тој режим ги вршел на нашата територија. И видете го денешниот апсурд. Партијата Левица ги осудува Евреите за извршениот геноцид во Газа и ги подржува Палестинците- Арапите, а истовремено несака да ги внесе тукашните Македонски Бугари во Македонскиот Устав над кои е вршен истиот геноцид. На нив им се придружи Партијата ДПМН која истотака несака да ги внесе Бугарите во Уставот на Македонија, иако Партијата го има предзнакот ВМРО на терористичката организација на Тодор Александров и Ванчо Михајлов која се борела против Српската асимилаторска политика. Додека несакат да ги внесат Бугарите двете Партии немаат проблем да ги внесат колонистите- Србите во нашиот Устав и да ги сместат дури и во Владата. ДПМН неможе да се повикува на револуционерната борба на Гоце Делчев бидејки тој се борел за добивање на автономен статус несамо на територијата од етничка Македонија туку и на Одрин, па затоа во називот на неговата организација ја имало и буквата “О“ ВМОРО. Меѓутоа како тогаш нашите историчари ако сме чисти Македонци ќе му објаснат на овој простодушен Македонски народ, што бара буквата “О“ во називот на Организацијата. Зар уште пред да сме формирале Држава сме имале аспирација кон туѓи територии, како што имале православните Срби. Затоа како што ДПМН постојано се повикува на Гоцевата борба велејки дека е чист Македонец, а скратила една буква О од називот на неговата Организација како и од називот на Партијата СДСМ- буквата М, така во Вистината за Македонија за една буква скратен е називот на Партијата ДПМНЕ- буквата Е. Буквата Е незначи Македонско национално единство како што сакаат лажно да се престават, туку според се што направи оваа Партија од осамостојувањето до денес очигледно е дека буквата Е означува православно верско единство со нашиот северен сосед Србија, со Српскиот православен свет.
    Затоа по сите помори и катастрофи што се случиле на нашата територија од верска и идеолошка омраза, ако сакаме навистина да станеме дел од ЕУ тогаш Левите и Десните сили на двете верски заедници треба да се обединат околу вистинските Западно- Европски демократски вредности и да ги осудиме тоталитарните леви и десни режими кои се повикуват на народот како во минатото така и денес. Тоа обединување не треба да биде на начин како што по пропаѓањето на православ социјалистичката- Комунистичка тоталитарна идеологија, се обидинија левите и десни сили во Државите што произлегоа од Социјалистичка Југославија. Тие се обединија верски околу своите верски Центри на моќта Грчко- православскиот, Римо- католичкиот и Муслиманскиот, па затоа крваво се раздруживме. Нетреба да се обединиме ни како што се обединија левите и десните сили во православниот дел на нашето општество околу невнесување на Бугарите во нашиот Устав. Мислам дека тие повеќе се плашат од протоколот за отварањата на досиејата на тоталитарниот Титов режим, од кои може да се види дека при создавањето на новиот советски човек, Комунистите можеби биле посурови од Бугарските и Италијанските Фашисти спрема луѓето кои ненаправиле војни злосторства но имаа иста национална свест со Бугарскиот окупатор и Балистите. Затоа треба заеднички да им одадеме почит на сите жртви од тукашното население- на “тукашните како што се изјаснувал Ѓорѓе Балашевиќ“ кои настрадаа во овие верско- идеолошки војни што се водеа во 20 век, без разлика на нивното верско и национално чувство. Но тоа нетреба да го сториме на начин како што направија муслиманите во Македонското Собрание со присуство на Оџа по повод масакрот во Срсбреница, или како што направија Светогорските Срби во Мркоњиќ Град со испраќање пораки кои ги предизвикаа сите катастрофи на овие простори во присуство на попови. Верата е интимна работа и нетреба јавно да се манифестира. Секој си плаче на гробовите на своите најмили и нетреба нивните трагедии да ја злоупотрбуваме за ширење верска омраза и верско обединување. Затоа заеднички да им се поклониме на убиените младинци во Ваташа, но и на илјадниците загинати во Ваташа и Тиквешијата со Бугарско- Егзархиска националн свест од страна на Српската војска и паравојската на тукашните четниците од Азот и Поречието по задушувањето на Тиквешкото востание. Исто така заеднички треба да им одадеме почит и на сите загинати Славјани припадници на Бугарската шизмичка Егзархиска Црква и муслимани со разбудена Албанска свест од страна на Српската војска и нејзините тукашни подржувачи, по задушувањето на многу помасовното и потрагично Охридско востание на тукашното население од Западна Македонија. На тој начин покажувајки ја заедничката борба на Албанскиот и Македонскиот народ од Западна Македонија против Српската хегемонистичка политика, само ќе го зајакнеме нашиот соживот. Исто така овој соживот ќе го зајакнеме ако го потенцираме здружувањето на Водачите на Призренската лига со Водачите на ВМРО Тодор Александров и Ванчо Михајлов против Српската хегемонистичка политика за создавање на мулти етничка Држава на тукашните “Швајцарија на Балканите“, како и да им одадеме почит на загинатите во таа борба без разлика на нивната национална свест. Меѓутоа исто така треба да им одадеме почит и на сите невино загинатите од другата страна на верско- идеолошката војна за време на Првата и Втората Светска војна од страна на фашистите и балистите, но и на невино загинатите по победата на Социјалистичката револуција од страна на комунистите. На крај девете верски концесии, односно православниот Македонски народ и муслиманскиот Албански народ треба заеднички да им одадат почит на сите невино загинати во последниот верски конфликт 2001г, како на невино загинатите во Љуботен така и на невино загинатите на Карпалак. Тоа беше прв меѓусебен директен конфликт меѓу Албанскиот и Македонскиот народ. Дотогаш низ историјата секогаш сме биле на истата страна од барикадите, сме делеле иста судбина. Само на овој начин потенцирајки ја заедничката Бугарско-Македонска- Албанска борба- историја и со одавање почит на сите загинати во таа борба, Македонскиот православен народ може да се ослободи од Српскиот православен свет и најпрво меѓусебно да се помири, а потоа и со тукашните муслимани-- Албанскиот дел од нашето општество. Тоа исто треба да го направи и Сент Андрејска Србија со истите такви лево и десно Европски ориентирани демократски сили од Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска. Само така Западниот Балкан од “Буре барут

    1 одговор Последен одговор
    0
    • M
      M
      mihajlo_3_pijanicata
      напиша последно уредено од
      #2

      ќе стане дел од Западната Европска демократска цивилизација.

      1 одговор Последен одговор
      0

      Здраво! Изгледа дека ве интересира овој разговор, но сè уште немате сметка.

      Ви е здодеано да ги прелистувате истите објави при секоја посета? Кога ќе се регистрирате за сметка, секогаш ќе се враќате точно таму каде што сте застанале, и ќе можете да изберете да добивате известувања за нови одговори (преку е-пошта или пуш известување). Исто така ќе можете да зачувувате обележувачи и да гласате позитивно за објавите за да им покажете благодарност на другите членови на заедницата.

      Со вашиот придонес, оваа објава може да биде уште подобра 💗

      Регистрирај се Најава
      Одговори
      • Одговори како тема
      Најавете се за да одговорите
      • Од најстари до најнови
      • Од најнови до најстари
      • Најмногу гласови


      • Најава

      • Немате сметка? Регистрирај се

      • Најавете се или регистрирајте се за да пребарувате.
      Powered by NodeBB Contributors
      • Прва објава
        Последна објава
      0
      • Категории
      • Неодамнешни
      • Ознаки
      • Популарни