Обидот на залутаните во 'Шарената револуција' да го превземат водството на опозицијата
-
Сакам да дадам коментар по повод обидот на Скопските фаци, “глувците“ најзаслужни за потопувањето на бродот СДСМ кои први го напуштија, да ја преземат Партијата и да станат Водачи на опозицијата пред изборите против како што велат најлошата и најкорумпираната Влада на ДПМН од осамостојувањето на Државата до денес. Притоа ниту збор за внесување на Бугарите во Уставот од што зависи нашето членство во ЕУ и опстанок на Државата, изјавувајки дека нема да формираат нова Партија како што беа Партиите НСДП и ЗНАМ додека СДСМ беа на Власт, туку ќе си ја вратат Партијата заробена од Зоран Заев како што си ја врати Бранко Црвенковски по поразот на СДСМ предводена од Владо Бучковски. Со ваквата изјава и придружувањето на Партијата Левица и Српска левичарска Партија во Македонија кон овој “опозиционерски фронт“, само покажува дека се продолжена рака на ДПМН- “Долга е раката на ВМРО“ е позната изрека на ДПМН- овците кои не ја разбираат Македонската борба- историја. Нетреба да заборавиме дека првата изјава на Димитар Апасиев по изборите во 2024г. кога една екстремно десничарска Партија ја освои Власта беше дека се радува дека една лево ориентирана Партија катастрофално ги изгубила изборите, односно дека се радува дека ја победил “црвената буржуазија“ со која сега седнува на заедничка маса. Сите тие се заробеници на таканаречениот православен Српски- Југословенски Србословенски свет, кој несака да бидеме дел од ЕУ- Западната Европска цивилизација, без чие членство ако малку се разбираме во денешните гео- политички случувања нашата Држава нема да постои. Зошто го велам ова. Игор Ивановски- Шема сака да биде новиот Бранко Црвенковски кој постојанон се обвинуваше со Никола Груевски кои повеќе украл- “кој го направи тоа“ сваќајки ја демократијата како Византиска игра додека го решававме спорот за името со Грција за да не го решиме. Историјата секогаш ќе ни се повторува ако незнаеме да ја разбереме- прочитаме. Знаете ли зошто е формирана Партијата НСДП од страна на Србословенскиот свет во редовите на СДСМ додека Партијата беше на Власт под водство на Владо Бучковски и го донесоа Никола Груевски на Власт? Неговиот грев беше што го призна Косово и прв пред повеќе од 20 год. предложи заедно со Бугарите да го славиме Илинден. Тој беше единствениот Премиер до тој момент кој несамо вербално, туку навистина сакаше да ја внесе Македонија во ЕУ како дел од Западната христијанска демократија- цивилизација. Од истите овие Србословенски сили во редовите на СДСМ предводени од Бранко Црвенковски новиот Лазар Колишевски човекот кој управуваше со православ- социјалистичка Македонија иако немаше никаква функција, формирана е Партијата ЗНАМ за да се симне Партијата СДСМ од Власт и донесе “реформираното“ ВМРО- Ваљево на Христијан Мицковски на Власт. Гревот на СДСМ предводена од Зоран Заев и неговиот наследник е што го реши со Грција спорот за името на Државата кое нетребаше да се реши со замена на придавката ФИРОМ- Бивша Југословенска Републока Македонија со придавката Северна- Северна Македонија, што влеговме во НАТО, што го потпиша Договорот со Бугарија за заедничката наша историја и го прифативме Францускиот предлог со кој требаше да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ по внесување на Бугарите во нашиот Устав. Зоран Заев немаше доволно пратеници и мораше да танцува како што велеше со сите. Тој немаше храброст да го исполни предлогот на Владо Бучковски даден пред 20 год. да заедно со Бугарите го чествуваме Илинден, како и да го исполни ветувањето дадено пред да се случи “Шарената револуција“ со која привлече многу таканаречени Бугарофили без разлика дали се лево или десно ориентирани. Изјавата дадена на денот Илинден гласеше : “На овој ден Илинден нашите Асномци ја пееја одата на Македонската борба првата Македонска химна Изгреј зора на слободата. Дај Боже сите заедно повторно да ја пееме“. Оваа песна беше назначена за идна Македонска химна од Иконата на денешниот наш Македонски национален идентитет поетот Кочо Рацин во Стихозбирката “Македонски народно ослободителни песни“, издадена два месеци пред неговата “несреќна“ смрт во партизанскиот одред. Под звуците на овој марш новите комити на ВМРО предводени од Тодор Александров и Ванчо Михајлов заедно со Албанските борци предводени од Призренската лига повторно “забродија низ Македонската земја“ меѓу двете Светски војни против најтешкото во историјата на заедничкото живеење Српско ропство. Зоран Заев не успеа на почетокот од мандатот да ја забрани екстремната конзервативна Партија ВМРО- Ваљево која на насилен пат сакаше да ја задржи Власта со оружен Пуч во кој учествуваше и агент на Српските тајни служби од Српската Амбасада во Скопје, како што се случува во нормалните демократски земји. Ние никогаш не ја испитавме поврзаноста на Пучот со Србија, со Српските Тајни служби. Затоа Српските Тајни служби го сменија него. Затоа денес Српскиот православен свет е на добар пат да ја униништи последната надеж дека можеме да станеме дел од ЕУ, единсвената Партија од Македонскиот православен блок која навистина несамо вербално сака да бидеме дел од Западната Европска цивилизација- демократија.
Венко Филипче нема потреба да танцува со сите и во своите редови да ги привлекува Србословените “левичарите“ кои на двапати ја донесоа “десничарската“ Партија ДПМН на Власт во Македонија. Тој треба да ги обедини вистинските леви и десни сили несамо од Македонскиот туку и од Албанскиот блок кои навистина сакаат да станеме како во времето на Зоран Заев дел од ЕУ- од Западната Европска демократска цивилизација, а не да останема заробени во нашите верски трла. Македонците ако сакаат да бидат во една Држава со своите деца кои им се по Европските земји, нетреба да бидат наивни водејки се од православната мудрост и наместо да го слушаат што им зборува треба да гледаат што Христијан Мицковски прави навистина да станеме дел од ЕУ. Исто така и Албанците кои сакаат да бидат дел од таа цивилизација, нетреба да им веруваат на своите политичари Али Ахмети и Арбен Таравари кога им велат дека се за предвремени избори затоа што наводно Христијан Мицковски ќе ги внесе Бугарите во нашиот Устав, како што им веруваа на изборите во 2024 г. кога ветија дека ќе излезат од Владата ако во рок од 6 месеци Христијан Мицковски неги внесе Бугарите во нашиот Устав. Ако Албанците седнат на столчињата во Владата пред да бидат внесени Бугарите во нашиот Устав, тие никогаш нема да бидат внесени. Во времето на Социјализмот кога Бугарин заедно со Руски космонаут отиде во вселената, ние од љубомора и омаловажување смисливме виц во кој Рускиот космонаут му рекол на Бугарскиот “Седи на столчета и не пипај копчета“. Овој виц денес важи за Македонските и Албанските политичари. Тие наместо да седат на “столчета“ и да ги слушаат инструкциите што доаѓаат од Брисел, нашите политичари имаат лепливи прсти и многу сакаат “да пипаат по копчета“- да крадат. Затоа се на добар пат да го срушат свемирскиот брод наречен Македонија. Христијан Мицковски никогаш ни на предвремени ни на редовни избори нема да ги внесе Бугарите во нашиот Устав, затоа што тој е заробеник на православниот Српски свет во Македонија, продолжена рака- солташак на Српскиот Вожд Александар Вучиќ. Албанскиот и Македонскиот народ во Северна Македонија треба да знае дека ако ДПМН повторно победи на изборите, Македонија ќе остане заробена Држава во Српскиот свет и ќе биде “монета за поткусурување“ во решавањето на Српско- Албанскиот спор на Косово. Тогаш размената на територии нема да дојде од МАНУ како во времето на Љупчо Георгиевски, туку ќе дојде од САНУ како од времето на првиот мандат на Доналд Трамп. Косово ќе ја изгуби Српската енклава Косовска Митровица, но затоа ќе добие компензација со териториите од Западна Македонија и можеби Скопска Црнагора вклучувајки го и Српскиот нејзин дел Бујановац. Србија за возврат покрај Косовска Митровица преку Вардарската долина ќе биде поврзана со нејзиниот духовен Водач Атос- Света Гора Православниот Ватикан.Протестанска капиталистичка нео- либерална Америка нема да биде тука како во 2001 г. за да го спречи ова сценарио. Ние чистите Македонци за утеха ќе ги добиеме античките Македонци од Пустец- Мала Преспа, како добра воља на Албанија која ќе биде во ЕУ. Албанија за разлика од Косово, Србија и Македонија ќе стане дел од ЕУ, затоа што влијанието на верските Центри на моќта во таа земја е многу помало. Нетреба да заборавиме дека Албанија имаше најригиден тоталитарен Комунистички режим во кои беа забранети Муслиманската, Грко- православната и Римо- католичката вера, што небеше случај со тоталитарниот Југословенски комунистички режим. По распадот на Југословенскиот тоталитарен Комунистички режим, во сите Републики вклучувајки го и Косово, левите и десни сили кои за време на Втората Светска војна крваво се пресметуваа меѓусебно се помирија по верски основ. Така усташите се помирија со комунистите- партизаните во Римо- католичка Хрватска, четниците се помирија со комунистите- партизаните во Грчко- православна Светогорска Србија, балистите се помирија со комунистите- партизаните меѓу муслиманскиот Албански народ во Косово и Македонија. Затоа сите тие критички гледаат на тоа што се случувало за време на Втората Светска војна и неги сакаат партизаните. Исто така тие, како и сите леви и десни сили од пост- комунистичките земји кои се наоѓаа “зад железната завеса“, критички гледаат на нивните тоталитарни Комунистички режими. Само во Македонија по распадот на тоталитарниот Сталинов православ- социјалистички режим несамо што не се помирија десните сили таканаречените ванчомихајловисти со комунистите- партизаните, туку ние него ни осудивме претходниот тоталитарен Комунистички режиим каде е родена Македонската нација и постојано потенцираме дека во него се живеело подобро. Ние сами им дадовме право на Бугарите да тврдат дека сме Коминтерновска нација, кога “Стариот лисец“ Киро Глигоров изјави дека ние нема потреба да се помируваме со десницата затоа што тие беа Бугари. Кај нас не се помирија ниту левите сили од Комунистичкото движење, кои од различни причини излегле во партизани. Затоа нашето општество неможе да се ослободи од Југословенството- Србословенството каде е создадена само Македонска нација за внатрешна употреба на анти- Бугарска основа, но не и Држава. Затоа нашите леви и десни православ националистички сили се обединија околу не внесување на Бугарите во нашиот Устав, исто како што за време на Втората Светска Војна само на територијата од Македонија на ниту на едно друго место во Југославија левите сили комунистите предводени од Светозар Вукмановиќ- Темпо се здружија со десните сили четниците од Азот и Поречието предводени од “Небесниот Генерал“ Дража Михајловиќ против фашистичкиот “окупатор“. Зошто Титовите партизани не се здружија со четниците на Дража Михајливиќ против Германскиот фашистички окупатор, како што се здружија за да го растурат Пактот со Хитлер со кој Кралството Југославија требаше да се прошири со Централните и Источните делови од Беломорска Македонија? Можеби затоа Темпо дојде во Вардарска Македонија за евентуално комунистите од овој дел на Македонија не се спојат со Бугарските комунисти за остварување на истата цел. Затоа за нив само Бугарските фашисти беа окупатори, додека Германците администратори. Или пак можеби имаше малку партизани, па затоа нивните редови требаше да ги потполнат со четници до ослободувањето на Македонија. Партијата СДСМ нетреба да се повикува дека е наследничка на Комунистичката Партија на Македонија предводена од Лазар Колишевски како што направи Бранко Црвенковски, туку ако сака да биде вистинска Социјал Демократска Партија како во Западните Европски земји треба да се повикува само на некои нео- либерали кои настрадале од тој тоталитарен Комунистички режим, како што е поетот Кочо Рацин кој го предложи и нашите Асномци кои го пееа борбениот марш “Изгреј зоро на слободата“, или на нео- либералот Крсте Црвенковски. Западно Европската демократија Комунизмот односно Сталиновиот православ- социјализам кои го градеа сите земји “зад железната завеса“ вклучувајки ја и Југославија, го изедначуваат со Фашизмот односно со Хитлеровиот национал- социјализам.
Венко Филипче нетреба како многу други “експерти“ да дава изјави од типот да ги внесеме Бугарите во Уставот, а ако Бугарите не уценат околу националниот идентитет на Гоце Делчев да ги изнесеме, или како што изјави неговиот претходник “дека некој како со нож да му го сече стомакот што морал да ги внесе Бугарите во нашиот Устав“. Со ваквите изјави само ја легитимираат политиката на Христијан Мицковски. Тукашните Бугари несе јојо топче, па нивното внесување во нашиот Устав да зависи од националниот идентитет на Гоце Делчев. Основната порака на изворното христијанство и муслиманство поради која тие станале масовни религии гласи : “Не им го прави на другите тоа, што несакаш другите да ти го прават тебе“. Преведено тоа значи дека внесувањето на Бугарите во нашиот Устав нетрба да зависи од провокациите на Бугарија кои пристигнуваат од нивните православ- националисти, ниту пак од некаков реципроцитет за признавање на Македонците во Бугарија на кој се повикува конзервативецот Христијан Мицковски заштитникот на нашата православна вера. Венко Филипче треба да го направи тоа што него направи “Стариот лисец“ Киро Глигоров, ниту пак “десничарот“ Љупчо Георгиевски како што го направија сите десничарски партии во пост- комунистичките земји, а него направи ниту Зоран Заев. Тоа е да ги отвори сите досиеа и црни петна од тој тоталитарен Југословенски православ- социјалистички систем, меѓу кои спаѓа и погрешното читање на историјата во која немаше место за заедничката борба на Македонскиот Славјански и Албанскиот народ низ вековите за опстанок на овие простори, како и за заедничката борба меѓу двете Светски војни против Српската хегемонистичка политика. Тоа сигурно нема да го направат нашите историчари кои во времето на Социјализмот живееја како “бубрег во лој“, а денес нивните катедри- професорски места ги држат нивните деца. Затоа Венко Филипче треба да го исполни ветувањето на Зоран Заев “Дај Боже сите заедно повторно да го пееме борбениот марш- одата на слободата несудената прва Македонска химна Изгреј зоро на слободата“, која најдобро ја отсликува нашата револуционерна борба против кого и зошто се бореле нашите претци. Бидејки има забрана од Српскиот православен свет тоа не може да се случи во Крушево каде е формирана првата Република на Балканот- Македонска Држава но само на територијата на Крушево која траела неколку недели, ниту во Манастирот Прохор Пчински каде нашите Асномци сакале да формираат Македонска Држава на целата нејзина етничка територија но формирале нација за внатрешна употреба што најдобро се гледа од нашиот пат кон ЕУ по распаѓањето на Југославија. Затоа мислам дека тоа треба да се случи во Центарот на Македонската и Бугарската борба за духовна и национална слобода. Тоа е Железната Црква, Соборниот храм на Бугарската еретичка Егзархиска Црква Свети Стефан во Цариград. Илинденското востание никогаш нема да се кренеше, ако благослов на востанието, на востаничкото знаме не дадеше токму оваа Црква. До Балканските војни оваа Црква била Соборен храм на сите Славјански рисјани несамо во Европскиот дел од Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја каде водела верска војна со Вселенската Цариградска Патријашија, туку и на Славјанските рисјани во самата Бугарска Држава каде водела верска војна со Руското православие. Затоа по победата на Бугарската војска во Првата Балканска војна над Османлиската војска на местото каде кланот Осман пристигнал на Балканот- Одрин- Едрене, Руската војска влегува во Цариград само и само тој град и Солун да не бидат во склопот на голема Словенска Балканска Држава. По Втората Балканска војна Патријархот на Железната Црква Свети Стефан заедно со своето “стадо“ Славјанското рисјанско население припадници на Бугарската Егзархиска еретичка Црква го напуштаат Цариград и Одрин и се префрлаат во Бугарската Држава, а Соборен храм на Бугарската Егзархиска Црква станува Црквата Кирил и Методи во Софија која по Првата Светска војна го добива името Александар Невски Светец на “Рускиот ослободител“. Истото тоа по Балканските и Првата Светска војна се случило и со Славјанското рисјанско население припадници на Бугарската еретичка Егзархиска Црква во Солун и Беломорска Македонија. Самиот назив на Црквата во Софија која станува Соборниот храм на Бугарската Егзархиска Црква пред Балканските и Првата Светска војна и и името по овие национални катастрофи до денешен ден, само по себе зборува во име на каков национален Славјански идентитет сме ја воделе преродбеничката и револуционерна заедничка борба, а каков денес национален идентитет имаат двата народа. Таа разлика уште подобро можеме да ја сфатиме од самата Железна Црква во Цариград. Таа е прва и еден од ретките Црковни објекти кој е направен со железна конструкција слична на конструкцијата од Ајфеловата кула, а на ѕидовите на Црквата има многу Масонски симболи кои се наоѓаат и на Американскиот долар. Тоа најдобро зборува дека нашите претци сакале да побегнат од мрачното пет вековно Грчко православно духовно ропство. Од оваа Црква Ванчо Михајлов кога православната Србословенска Влада на Кимон Георгиев која по насилен пат со Пуч предводен од Дража Михајловиќ дојде на Власт во Бугарија и го осуди на смрт, го раководел атентатот врз Југословенскиот Крал Александар Караѓорѓевиќ кој вршел етничко чистење на територијата од “Стара Србија“- Вардарска Македонија и Косово.
По сите овие национални катастрофи, Венко Филипче кој потекнува од стара Охридска револуционерна фамилија со наследниците на истите вакви преродбенички и револуционерни Охридски фамилии како што се наследниците на браќата Миладинови, Прличев, Христо Узунов, Методија Патчев и многу други како што се наследниците од фамилиите на Марко Цепенков, Војдан Чернодримски и на Апостолот на Македонската револуционерна борба Гоце Делчев кои денес живеат во Бугарија но небараат да бидат признати како Македонци како што “бара“ Стојков Стојко, треба токму во овој Црковен храм во Цариград- Центарот на Бугарската и Македонската духовно- културна и револуционерна борба до Балканските и Првата Светска војна, да им одадат почит на сите загинати во овие верско- идеолошки војни и меѓусебно да се помириме. На оваа Панахида во Железната Црква Свети Стефан во Цариград треба да присуствува Бигорското братство на чело со Владиката Партени кое заедно со Владиците од про Западниот нео- либерален дел на Бугарската православна Егзархиска Црква, треба да ја испеат одата “Изгреј зоро на слободата“ со која Егзархиските монаси свесно оделе во смрт за слобода на својот Славјански рисјански народ. Бигорското браство оваа ода ја имаат и во својата богослужба- види на Ју- туп, поради што Владиката Петар кој припаѓа на Српскиот православен дел од Македонската православна Црква го прогласи ова Братството за Секташко, а неговиот пријател Удбашот Палчо кој од левичар стана десничар постојано им се закануваше. Поради истата оваа химна “ода на слободата“ што нашите Асномци ја пееја во Манастирот Прохор Пчински, исто така беа прогласени за секташи кои отстапуваат од Сталиновиот пат кон комунизмот- рајот. Затоа сите беа остранети од политичкиот живот на земјата, како денешни Македонци така и Албанци. Во Македонија има се повеќе луѓе кои прават разлика помеѓу поимот рисјанин и Грчката верзија на христијанството- православие. Затоа на пследниот попис во Македонија многу луѓе наместо православци се попишаа само како христијани, на што жестоко реагираше Српскиот свет од Македонската православна Црква и разбира се нејзиниот заштитник ДПМН. Со една ваква слика на Ју- туп од Центарот на Македонската и Бугарската духовна и револуционерна борба Железната Црква Свети Стефан во Цариград, мислам дека се повеќе луѓе ќе прават разлика помеѓу овие два поима. Мислам дека и Албанците требаат да прават разлика помеѓу денешното муслиманство и изворниот Ислам. Исто така преставниците на двете Цркви трба да му одржат панахида на несудениот прв Патријарх на оваа Црква “еретикот“ Партение Зографски кој е закопан во дворот на оваа Црква. Партение Зографски пред формирањето на оваа Црква како Владика на Вселенската Цариградска Патријашија во Полин- Дојран, кога разбрал за убиството на браќата Миладиниви од страна на Грчките фанариоти, ги собрал сите Грчки Црковни книги и ги запалил. Не случајно Владиката на Бигорскиот Манастир кој исто така бил замонашен во Бугарскиот Свето Горски Манастир “Зограф “, го носи името на овој наш преродбеник. Партение Зографски пред формирањето на Бугарската Држава се залагал да на целокупниот Европсли дел од територијата на Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја со исклучок на Босна каде Бугарската “еретичка“ Егзархиска Црква го имала воспоставено својот Црковен- образовен систем, Галичкиот односно Реканското наречје да биде литературен јазик. Блаже Коневски го направил истото, само што тоа наречје стана литературен јазик само на територијата која по Балканските и Првата Светска војна и припадна на Србија.
Ако Венко Филипче сака да стане Водач на целокупната опозиција и да ги обедини сите кои сакаат Македонија да биде дел од ЕУ- Западната Европска демократска цивилизација, треба овој борбен марш- “ода на слободата“ кога веќе не стана Македонска химна да стане химна на Партијата СДСМ. Борбениот марш “Бела чао“ со кој Комунистите на насилен пат сакаа да ја освојат Власта во Италија, со кој марш и Шарените револуционери ја освоија Власта во Македонија, треба да им ја препуштат на екстремните комунисти од Левица и братството на Игор Ивановски- Шема кои исто така беа дел од Шаренате револуција но од лукративни причини. На тој начин несамо што ќе го соблечеме Царот- “Царот е гол“ на Партијата која се преставува дека е наследничка на Гоцевото ВМОРО нарекувајки ги противниците “комуњари“ иако тие се поголеми комуњари од нив, туку во своите редови ќе ги привлече и Албанците кои се за Европска Македонија како дел од ЕУ. Албанците не ја прифаќаат Македонската химна, затоа што во неа сите народи на територијата од Државата Македонија се поистоветуваат со Македонската нација. Во одата на слободата “Изгреј сонце на слободата“, се пее за слободата на сите народи што живеат на територијата од Државата Македонија- “на Македонската земја“. Силите- верските Центри на моќта кои стојат зад формирањето на ЕУ по Втората Светска војна, многу добро знаат дека Македонија односно решавањето на Славјанското национално прашање во Европскиот дел од Муслиманскиот Рим- Османлиската Империја, е причина за двете Светски катастрофи Првата и Втората Светска војна како и за идеолошката Студена војна. Војните се воделе околу тоа дали да има мултиетнички Држави каде сите народи ќе имаат потполна културна, духовна и политичка слобода на кои принципи е поставена и денешната ЕУ, или да има еднонационални верски или идеолошки Држави. Затоа мислам дека ЕУ ќе застане зад ваквото реформирано СДСМ, исчистено од остатоците на Југословенскиот- Србословенскиот свет.
Здраво! Изгледа дека ве интересира овој разговор, но сè уште немате сметка.
Ви е здодеано да ги прелистувате истите објави при секоја посета? Кога ќе се регистрирате за сметка, секогаш ќе се враќате точно таму каде што сте застанале, и ќе можете да изберете да добивате известувања за нови одговори (преку е-пошта или пуш известување). Исто така ќе можете да зачувувате обележувачи и да гласате позитивно за објавите за да им покажете благодарност на другите членови на заедницата.
Со вашиот придонес, оваа објава може да биде уште подобра 💗
Регистрирај се Најава