Коментар на интервјуто на Петар Ѓошев за ТВ 24 во врска со осамостојувањето на нашата Држава и денешните случувања во Западно Европскоте земји
-
Од интервјуто на Петар Ѓошев може да заклучиме дека тој е најзаслужен за создавањето на денешната Македонска Држава и зошто зборуваме дека сме заробеници на Српскиот православен свет, несместо да бидеме дел од тој Српски свет односно дел од скратена православна Србословенска заедница. Тој признава што е констатирано и во Вистината за Македонија, дека најголемата негова политичка грешка е што го извади од “нафталин“ и донесе во Македонија “стариот лисец“ Киро Глигоров, но недообјаснува зошто ако неговиот противкандидат за Преседател на КПМ Михаил Данев победеше денес ќе бевме составен дел од Српскиот православен свет. Михаил Данев исто како и Лазар Колишевски кој стоел зад неговата кандидатура, бил проверен кадар на Српскиот свет во Македонија. Тој потекнува од Дољане, “најреволуционерното“ партизанско колонистичко Српско село во Штипско. Петар Ѓошев очогледно бил еден од ретките наивни чесни комунисти како оние на чии гробови наместо крстот и полу месечината стои петокраката, симбол на таа комунистичка идеологија. Петар Ѓошев се залагал за правата на работниците, но тој неможел да сфати како и многу чесни комунисти меѓу кои и мојот татко дека низ историјата никогаш немало класна борба, туку секогаш тоа биле верски војни помеѓу верските Центри на моќта за наметнување на својата вера- идеологија. Дека православ- социјалистичката идеологија потекнува од Грчко- православниот верски Центар на моќта, најдобро се гледа од фактот дека најголемите комунисти носители на таа идеологија станаа најголеми православ- националисти во своите земји. Така Водачот на комунистите во Србија Слободан Милошевиќ стана најголем Српски православ- националист. Најголемиот заштитник на таа идеологија шефот на Советскита Тајна служба КГБ Владимир Путин стана најголем Руски православ- националист, а Иконата на Грчкото комунистичко движење Микис Тодоракис најголем Грчки православ- националист. Таа идеологија е создадена Балканскиот Израел- Хеленската Држава да ги протера или во името на православното единство да ги асимилира “Судетите“, како што го нарекуваше Славјанското население од териториите кои и припаднаа по Балканските и Првата Светска војна. Затоа левичарот Другарот Сталин и десничарот Лордот Винстон Черчил го помагаа партизанското движење предводено од комунистот Тито, само и само Југославија да биде од другата страна на “железната завеса“ наспроти Грција но и на “еквидистанца“ од Бугарија како што би рекол “стариот лисец“ Киро Глигоров, која исто така беше земја “зад железната завеса“. Затоа Другарот Тито по Инфорбирото ја презеде улогата на Винстон Черчил и од Балкански Чегевара кој креваше Светска револуција во Грција, стана Лорд иако до крајот на животот ја носеше титулата Другар. Петар Ѓошев неможеше да знае дека судирот на Киро Глигоров со Другарот Тито небеше од идеолошка туку од раскалашена-швалерска природа природа, што најдобро го видовме кога Киро Глигоров беше на рехабилитација по извршениот атентат. Истиот се случи бидејки со неговиот брат близнак Слободан Милошевиќ неуспеаја да ја реализираат идејата за скратена православна Србославија, поставена од страна на Грчко- православниот верски Центар на моќта. Затоа, Петар Гошев иако изјави дека не е испадна дека е за еднократна употреба, а на сцената се појавија други политичари за реализација на истата цел.
Денешните случувања во Западните Римо- католички земји Франција, Шпанија, Португалија, како и во Албанија каде младите леви сили по насилен пат сакаат да ги соборат легално избраните Влади, многу потсетуваат на левите сили меѓу двете Светски војни кои во Западните Европски земји дигаа социјалистички- комунистички револуции, а го донесоа фашизмот во тие земји. Мислам дека тоа ќе се случи и со денешните немири на младите незадоволни бунтовни луѓе. Тие само на следните избори ќе ги донесат на Власт крајно десните фашистички Партии, заштитници на Римо- католичките вредности во тие земји. Тоа најдобро зборува дека Грчко- Римскиот верски Центар на моќта кои ја предизвика Првата и Втора Светска војна, како и идеолошката Студена војна, стои и зад овие немири на младите изманипулирани луѓе. Тој Грчко- православен и Римско- католички верски Центар на моќта, се секогаш заедно кога имаат заеднички надворешен непријател. Тој надворешен непријател пред Втората светска војна беше Рузвелтовиот протестански капиталистички нео либерализам- слободниот натпревар на силите, односно Американската џез култура. Затоа се здружија национал- социјалистот фашистот Адолф Хитлер заштитникот на Римо- католичката култура и православ- социјалистот комунистот Другарот Сталин заштитникот на Грчко- православната култура. Овие верски Центри на моќта заедно со конзервативното Еврејско Лоби- Центар на моќта во Америка, го донесоа фашистот Доналд Трамп на Власт во САД. Тој се здружи со преобратениот комунист Владимир Путин од истите причини поради кои се здружија Адолф Хитлер и Другарот Сталин. Тоа е Американскиот протестански капиталистички нео либерализам, слободниот натпревар на силите кои недозволува монопол ниту над економијата ниту на верата- идеологијата од страна на поединци или од страна на Државата. Затоа сакаат да ја уништат ЕУ бидејки токму тој Рузвелтов протестански капиталистички нео либерализам- слободен натпревар на силите ја создаде ЕУ по Втората светска војна, за да се спротистави на тоталитарните Комунистички режими кои ги воспостави Другарот Сталин во Средна и Источна Европа. Затоа изјавата на Еди Рама дека мулите од Иран стојат зад немирите во Албанија за да го спречат нејзиното членство во ЕУ, е многу смешна и е дадена за да му се додвори на Доналд Трамп кој сака да ја уништи ЕУ. Таа многу потсетува на обидот на конзервативното ДПМН за време на војниот конфликт со Албанците да им се додвори на Американците, кога Љубе Бошковски во Раштански лозја ликвидира 10- на муслимански економски емигранти кои патуваа за ЕУ само за да “докажеме“ дека Албанците имаат подршка од Светското џихадистичко движење. Муслиманите нивната трагедија, односно бегалските бранови од воените жаришта се само искористени од Грчко- Римскиот верски Центар на моќта за јакнење на крајните десничарски- фашистички Партии во ЕУ, исто како што бегалските бранови од Латинска- Римо католичка Америка кон Протестанска Америка се искористени фашистот Доналд Трамп да дојде на Власт во САД. Затоа по рушењето на Берлинскиот ѕид не се случи глобализацијата, односно Светот не го доживеа вечниот мир- нирваната. Воените конфликти постојано се повторуваат како во некој маѓепсан круг. Треба да се сетиме на видовитата Баба Ванѓа која запрашана дали ќе има нова Светска војна, одговорила лаконски дека војните меѓу верските- идеолошките заедници никогаш непрестанале- постојано се водат. Затоа за да го пресечеме тој маѓепсан круг на војувања, треба да се вратиме во историјата и да видиме кога овие војни конфликти започнале. Адолф Хитлер за да ја оправда својата расистичка политика на Супериорната Германска раса која била загрозена од пониските човечки раси, искористил едно археолошко откритие во Баварија. Имено во тоа време во пештера во Баварија биле пронајдени помалку и повеќе усовршени камени орудија, како и остатоци од два човекови вида хомо- сапиенсот и неандерталецот. Тогашната “научна јавност“ заклучила дека понапредните орудија припаѓале на супериорниот човечки вид хомо- сапиенсот и тој ја уништил пониската човекова раса неандерталецот. Кога тоа се случувало во минатото, зошто тоа да не се случува и во сегашноста, бил заклучокот на Германската јавност разочарана од последиците на Првата Светска војна. Тоа е образложението кое му дало право на фашистот Адолф Хитлер, да ја спроведува неговата расистичка политика на ликвидација на пониските раси кои допринеле наводно за поразот на Германија во Првата светска војна. Меѓутоа најновите научни откритија ја демантираат оваа “нацистичката теорија“ за супериорноста на Германската раса која се поистоветувала со хомо- сапиенсот, бидејки археолошкото откритие било на нејзината територија. Неандерталецот бил понапреден човеков вид од хомо- сапиенсот, но исчезнал за време на последното ледено време затоа што живеел во помали заедници бил по асоцијативен вид, за разлика од хомо- сапиенсот кој бил по социјативен вид и живеел во поголеми заедници. Така го преживеал леденото време во северниот дел од Евро- Азискиот континент. Тие несамо што меѓусебно не војувале, туку меѓусебно коегзистирале што се потврдува од постоењето на еден ген кој се среќава кај хомо- сапиенсот само во овој дел од Светот, а не кај хомо- сапиенсот од другите делови на Светот.
Маѓепсаниот круг на постојано војување помеѓу хомо- сапиенсот започнува подоцна од крајот на последното ледено време, кога се издиференцирале 3 човекови цивилизации поктај кинеската. Тоа се индо- европската, семитската и угарско- татарската цивилизација. Тогаш пред се меѓу многу понапредната индо- европска заедница- цивилизација која била понапредна поради маката суровите климатски услови, се населува воинствена семитска заедница позната во историјата како “Морски луѓе“ или како Хелени. Нивната акција обидот да ги наметнат своите Богови, својата култура- јазик на останатите заедници- цивилизации, ја предизвикуваат реакцијата борбата на овие народи за зачувување на својот идентитет, на својата посебност- цивилизација. Така започнува тој постојан маѓепсан круг на верски- идеолошки цивилизациски војни, кои ја создадоа денешната модерна човекова цивилизација и траат до денешен ден. Ако сакаме да го пресечеме овој маѓепсан круг на постојано војување, ако сакаме да не ја доживееме судбината на неандреталецот затворени во своите верски заедници, ако сакаме на гробовите на младите изманипулирани луѓе да нема повеќе петокраки, кукасти крсови или можеби ѕвездата од Вергина- Куклеш тогаш мора да дојде до глобализација на човештвото, односно да ја задржиме традицијата но да ја прифатиме верата- идеологијата филозофијата која низ историјата најмногу допринела за развојот на човековата цивилизација и која најправедно ги распределува придобивките од тој развој. Тоа е секако Протестанскиот капиталистички нео либерализам- слободниот натпревар на силите што го имаат Скандинавските земји, а е пренесен во Америка каде некој сака да го уништи.
Здраво! Изгледа дека ве интересира овој разговор, но сè уште немате сметка.
Ви е здодеано да ги прелистувате истите објави при секоја посета? Кога ќе се регистрирате за сметка, секогаш ќе се враќате точно таму каде што сте застанале, и ќе можете да изберете да добивате известувања за нови одговори (преку е-пошта или пуш известување). Исто така ќе можете да зачувувате обележувачи и да гласате позитивно за објавите за да им покажете благодарност на другите членови на заедницата.
Со вашиот придонес, оваа објава може да биде уште подобра 💗
Регистрирај се Најава